Седат три кучиња пред кабинетот на ветеринарот – германски овчар, бернардинец и дога.
Го прашуваат овчарот:
– Што правиш тука?
– Бев придружник на слеп човек, но домаќинот ми беше голем гад – ме тепаше, ме држеше гладен и еден ден го преведов на една раскрсница на црвено и еден камион го прегази, сега ме водат да ме убиваат со инјекција.
– А ти, бернардинец?
– Бев куче спасител и една вечер го испив сиот коњак од буренцето на мојот врат, во тоа време имало лавина. Умреле 5 луѓе и сега ме водат да ме убијат.
Го прашале и третото куче зошто го довеле.
– Бев домашно куче и стопанка ми беше многу убава русокоса. Еднаш беше во бањата и се капеше со отворена врата. Седнав пред вратата и ја гледав, одеднаш таа го испушти сапунот, се наведна да го земе и тогаш јас не издржав, скокнав и ја „опнав“ од позади…
– И сега и тебе ли те чека инјекцијата?
– Аааа не, мене ме доведе да ми ги изманикираат ноктите.