Долго очекуваниот нов крузер, Химна на морињата (Anthem of the Seas), најпосле пристигна во Велика Британија. Во пресрет на свечената церемонија за негово именување коешто ќе се случи на 20. април, огромниот крузер пристигна на своето сидриште: 101 на пристаништето во Саутемптон. Крузерот, кој е во сопственост на Ројал Карибиан во текот на летото ќе биде привремен дом на повеќе од 80.000 луѓе.

Огромниот крузер, Химна на морињата, пристигна во Саутемптон, за свечената церемонија на крштевање

kr01

Новиот кораб е опремен со бар во кој ќе послужуваат исклучиво роботи кои ќе мешаат коктели со компјутерска прецизност

kr02

Љубителите на височини ќе можат да се возат во проѕирна капсула со неверојатен поглед кон океанот кој ги опкружува

kr03

Крузерот има 16 палуби и капацитет за речиси 5.000 патници наеднаш, со што Химна на морињата е вистинско чудо на инжинерството. Гостите ќе бидат послужувани од шанкери роботи, ќе имаат можност да учествуваат во тренинг активности за циркус, па дури ќе имаат можност и за виртуелно падобранство. Патниците кои ги љубат височините ќе можат да ја испробаат воздушната набљудувачница „Ѕвезда северница“, стаклена капсула која гостите ги носи на височина од повеќе од 90 метри над океанот, овозможувајќи им неверојатни глетки. На бродот исто така ќе има и сурфинг симулатори, па така децата (и возрасни) ќе можат да јаваат на бранови, а ако времето е лошо, СиПлекс е најголемиот внатрешен спортски комплекс на море со најразновидни активности.

kr04 kr05 kr06 kr07

За гурманите има 18 различни ресторани од различни видови: традиционален американски, Италијанската кујна на Џејми, традиционален паб и ресторани во кои се служат јадења од јапонската кујна. На бродот исто така има и солариум, спа, јакузи и придружно бистро.

Во театарот со 1300 седишта ќе бидат прикажувани спектакли како мјузиклот „We Will Rock You“, кабаре претстави и оригинална продукција за Ројал Карибиан наречена „Подарок“.

По летното испловување од Саутемптон, Њујоршкото пристаниште ќе стане постојан дом за крузерот во ноември, и редовно ќе крстари од Кејп Либерти Круз Порт, Кариби, Канада и Нова Англија.

kr09 kr10 kr11 kr12 kr13

27-годишната Ема Вилби, патнички агент по професија, го освои натпревато за доделување име на големиот брод, нарекувајќи го Химна на морињата.

kr14

Сподели на Facebook
пати видено