Доколку се изведе како што треба, камениот ѕид како акцент може вашата соба да ја направи апсолутно шармантна. Камените ѕидови го имаат тој безвремен, селски квалитет кој потсетува на старите градежни техники од дамнешното минато. Сепак, дали камениот ѕид би можеле да го сметате за уметничко дело?
Благодарение на едно неверојатно талентирано дуо, и би можеле. Андреас Кунерт и Наоми Зетл од Ванкувер Ајленд се умовите кои стојат зад Ancient Art of Stone. Нивните уметнички дела ги доопремуваат приватните живеалишта и јавниот простор со зашеметувачки мурали изработени со внимателно наредени камења.
Кунерт и Зетл ги создаваат овие дела – кои можат да бидат високи и до 30 метри – од илјадници винмателно одбрани и наредени камења.
Овој мурал, изработен за градот Вју Ројал во Британска Колумбија, е со димензии 12 х 200 метри, и е нивниот најголем мурал.
Во ѕидовите се вклучени сфери и други геометриски форми, во контраст на природниот облик на другите камења.
Извиените форми во вид на лавиринт и фокусни точки како сфери и кристали се препознатлив знак на нивните дела.
Кунерт и Зетл споделуваат длабока почит кон природата и природните форми, и уживаат да ги слават во уметнички дела кои ја комбинираат древната со современата естетика. Кунерт е образован мозаичар и повеќе од дваесет години се занимава со ова. Отсекогаш го ценел каменот како медиум, и камењата на кои налетува ги употребува како инспирација за неговите дела. Зетл, којашто по образование е скулптир, работи со Кунерт за заедно да ги создадат хармоничните композиции кои ја изразуваат уникатниот персоналитет на локацијата, како и далбоката љубов и поврзаност со Земјата.
Многу од нивните дела се надворешни ѕидови.
Иако на суптилен начин, брановидниот образец го издвојува овој ѕид од вообичаените камени ѕидови.
Панелите како овој даваат особен сјај на надворешните кујни.
Камењата можат да се внесат и внатре, преобразувајќи го обичниот дом во волшебно прибежиште.
Некои од нивните дела, како овој камин, се издлабени од едно парче камен. Во ова дело има и акценти од челик.
Овој камин, инспириран од древно погребно место во близината на домот на нивните клиенти, вклучува дел од дрво.
Многу од делата на Зетл и Кунерт имаат и спиритуална димензија, поврзувајќи го традиционалното со современото. Понекогаш употребуваат фосили, школки, кристали и полускапоцени камења. Во овој мозаик е вметната вулканска пепел од вулканот Св. Хелена.