Приказна за музичарот Џејми Вилсон, кој бил роден и израснал како жена, но отсекогаш му пречел неговиот женски изглед. Од својата 18 година започнува со трансформација и го менува полот. Паралелно со третманите и хируршките интервенции за промена на полот, тој се фотографира себе си и својата сторија ја споделува на својот Инстаграм профил.
На првите фотографии може да се забележи бринета со витка става, облечена во долна облека – модел на Келвин Клајн, додека подоцна се гледа привлечен дечко, комплетна спротивност како што вели тој.
Џејми споделува: „ Не е важно како некој изгледа, доколку ви каже – Јас сум трансџендер или бисексуалец, верувајте му како се чувстува, бидејќи стереотипите не не прават личност, туку само нечија претстава.”
Родителите на Џејми не го поддржиле во оваа негова трансформација, тој ја изгубил довербата во нив, но најпосле се чувствува среќен, за разлика од претходно кога чувствувал притисок дека со неговиот женски изглед ги правел среќни само неговите најблиски.