Трансродово лице нападнало двајца купувачи со секира во продавница, а причината за нападот биле „гласови во неговата глава“ кои му кажале „да убие и осакати“ и да „го почне подемот на пеколот на Земјата“. Еви Амати се изјаснил дека не е виновен за ранување со намера да убие двајца купувачи и се обидел да повреди и случаен минувач во Енмор, западен Сиднеј.
26-годишната, сега жена, која во четвртокот сведочела на судењето во Окружниот суд и се изјаснила како невина, изјавила: „Се сеќавам дека се беше тивко и го почувствував тој глас одвнатре и се сетив на таа насмевка…злобна насмевка која што го опфати моето лице кое не можев да го контролирам и потоа се исклучив…“
Амати исто така испратила порака до лице со кое се запознала неколку часа пред нападот. Пораката гласела: „Еден ден ќе убијам многу луѓе и ти ќе бидеш виновна.“ Микила Јахсен изјавила дека се запознала со Еви преку апликацијата Тиндер, неколку часа пред нападот. Тие заедно со пријателките пиеле алкохол, а потоа три од нив земале капсули за кои верувале дека се екстаза.
Еви тешко ги повредила Шерон Хакер и Бенџамин Ример, кои во тој момент биле во продавницата. Таа исто така се обидела да го убие и Шејн Редвуд. Луѓето успеале да закрепнат од нападот и сведочеле против неа на судењето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!