Двајца геј мажи очекуваат бебе, затоа што едниот од нив, кој е трансродово лице останал бремен. Тристан Рис и Биф Чаплов од Орегон, скоро објавиле дека очекуваат син. 34-годишниот Тристан е трансродово лице и тој забременил прв пат во 2016 година, но доживеал спонтан абортус. Тие двајцата се во брак и имаат посвоено две деца во 2015 година.
По абортусот на Тристан им било кажано дека треба да почекаат една година пред повторно да се обидат да добијат бебе. Но тие не сакале да чекаат и Тристен се обидувал да остане бремен 6 месеци и успеале во намерата. Тие се плашеле да не го изгубат и оваа бебе и поради тоа Тристен бил опседнат со често правење на повеќе тестови за бременост.
Кога требале да го посетат гинекологот во шестата недела од бременост тие однапред му најавиле на гинекологот дека таткото(мајката) е трансродово лице. Тристен сметал дека тоа е неопходна мерка за претпазливост, поради искуства од минатото.
„Можам да почувствувам кога некој некој ме гледа во лицето и бара траги од женственост. Тие на некој начин ги стегаат очите и се обидуваат во нивните мисли да ми ја отстранат брадата, се обидуваат да ме сменат во нивната глава,“ вели Тристен.
Претходните две деца Рајли и Хејли, кои што ги посвоиле всушност се внуци на Биф, кои што биле одземени од неговата сестра поради негрижа и малтретирање.