По распадот на Советскиот сојуз во 1990 година, тесно земјиште на источната граница на Молдавија со Украина се раздели од нејзината матична земја и прогласи независност од Молдавија. Државата се нарече Транснистрија. Следеше четиримесечна војна, а околу 700 жртви подоцна беше потпишан прекин на огнот.
Оттогаш, Молдавија остана надвор од внатрешните работи на Транснистрија или Приднестровие, но сепак одбива да ја признае како независна држава. Всушност, ниту една друга нација го нема направено тоа.
Сепак, Транснистија дејствува како независна држава, со свои владини, воени и полициски сили, поштенски систем, валута, уставот, знаме и грб. Нејзиното знаме сѐ уште го користи комунистичкиот симбол на чекан и срп – единствената земја што го прави тоа.
Суштината на конфликтот е фактот дека Транснистрија била првенствено територија на која што се зборува руски, бидејќи Отоманската империја го отстапила регионот на Руската империја кон крајот на 18 век.
Народот во Приднестровие природно се чуствувал повеќе руски отколку молдавски. Дури и денес, луѓето што зборуваат руски јазик ја сочинуваат најголемата етничка група во Приднестровие.
Во врска со договорот за прекинот на огнот потпишан на крајот од конфликтот во Транснистрија-Молдавија, Русија испраќа мировни сили во Транснистрија и обезбедува постојана финансиска, воена и политичка поддршка без која Транснистрија не може да постои.
Руската субвенција, директна и индиректна, изнесува речиси половина од буџетот на Транснистрија. Неминовно, има големо влијание на Русија во јавниот живот. Народот на Транснистрија гледа руска телевизија, децата во училиштата учат од руски учебници, а многу пензионери добиваат руска пензија.
Недостатокот на официјално признавање не претставува нешто добро за Транснистрија, особено за иднината на помладата генерација. Додека постарата генерација сé уште се надева дека државата ќе биде признаена и ќе стане дел од Русија, помладиот дел се бори со недостаток на работни места и тешка економска ситуација.
Повеќето млади се желни да се преселат во странство, најмногу во Москва. Од раѓањето на земјата, популацијата во Транснистрија се намалила за повеќе од една третина.
Кога Џастин Бартон, британски фотограф ја посетил Транснистрија во 2015 година и побарал од едно 23-годишна девојка да размисли за својата татковина, таа, наводно, се расплакала. Девојката Анастасија Шпатар никогаш не патувала надвор од Транснистрија.
Германскиот фотограф Јулија Ауц, кој патувала во Транснистрија за да ги опфати портретите на државната младина, утврдила дека заедницата е затворена и тешко се пробива.
„Тие можат да станат параноични кога ќе видат странец од западниот свет со камера. Многу луѓе не се однесуваат според западните вредности. Наместо тоа, тие му се восхитуваат на Путин и се надеваат дека Транснистрија ќе стане дел од Русија.“, вели Јулија.