Трансексуалците од Тајланд се подредија во ред во фустани, за да го отслужат задолжителниот воен рок кој што им го налага државата. Тајландскиот закон не им дозволува на трансексуалците на го менуваат својот пол во личните документи и поради тоа тие сеуште се водат како мажи.
На Тајланд секој маж кој што наполнил 21 година треба да присуствува на т.н “Ден за лотарија”, каде што мора да потпишат дека ќе служат војска во рок од две години. Трансексуалците можат да добијат договор за исклучок, но мора да присуствуваат на денот на лотаријата со останатите 100.000 мажи, затоа што законот не дозволува промена на полот во личните документи.
Оваа учество им предизвикува срам и стрес на трансексуалците, и поради тоа тие секојдневно бараат помош од ЛГБТ заедницата за решавање на овој проблем. Тие на денот за пријавување мора да однесат документ за целосна промена на полот како доказ.
Меѓу регрутираните е и Патра Вирунтанакиј попозната како Надија, која е поранешена Мис Мимоза Кралица, натпревар специјално направен за трансексуалните жени.
Трансексуалците во Тајланд ги викаат “Женски момчиња” и се смета дека ја имаат најголемата популација на трансексуалци од било која друга земја.