Познатата слепа јасновитка Баба Ванѓа која го предвидела 11 септември, Брексит и подемот на ИСИС и покрај тоа што почина пред повеќе години имала свои предвидувања и за 2019 година.
Ванѓа која стана култна фигура меѓу теоретичарите за заговор, исто така, предвиде дека голем земјотрес-цунами ќе избрише големи делови од Азија, а Европа ќе се сруши од катастрофална економска несреќа.
Според Ванѓа двајцата најистакнати светски лидери ќе бидат во неволја оваа година, при што рускиот претседател Владимир Путин ќе се соочи со обид за атентат од некој во неговиот тим за безбедност и американскиот претседател Доналд Трамп ќе го изгуби слухот поради мистериозна болест.
Зарем некоја од овие работи може да се оствари? Путин веќе преживеа најмалку еден голем обид за атентат, кој беше спречен во периодот до претседателските избори во 2012 година. Сега рускиот претседател е опкружен со високо обучен снајперски тим чија единствена задача е да го одржат жив, па можеби се согласува со Баба дека ќе има уште еден обид за атентат во 2019 година.
Што се однесува до Доналд Трамп, се очекува американскиот претседател да има катастрофална 2019 година, бидејќи не само што може да подлегне на необјаснива болест што ќе предизвика гадење, тинитус, траума на мозокот и губење на слухот, туку и некој од неговото семејство ќе доживее сообраќајна несреќа.
Оваа година беше објавено дека американските дипломати во Куба и во Кина страдале од мистериозно губење на слухот и тинитус, за кое се верува дека е предизвикано од прекумерно изложување на пулсова радиофреквенција / микробранова електромагнетно зрачење од прислушување или надзор.
Следно Ванѓа предвиде дека Европа ќе страда од голем економски колапс, за кој некои велат дека лесно може да се случи кога Велика Британија ќе излезе од Европската унија на 29 март 2019 година. И таа смета дека уште едно катастрофално цунами е на хоризонтот следната година, кое би можело да ги избрише деловите на неколку азиски земји, вклучувајќи ги Пакистан, Индија, Кина, Јапонија и Индонезија.
Во септември, цунами предизвикано од земјотрес со јачина од 7,5 степени го уништи индонезискиот остров Сулавеси, при што загинаа 2.100 луѓе. И минатата сабота огромни бранови се урнаа во крајбрежните градови на островите Суматра и Јава, со најмалку 430 загинати, а 159 сé уште се водат за исчезнати.