Поранешната кралица на Иран, која била прогонета во Европа по разводот кој уследил откако дознала дека не може да зачне, била позната како „принцезата со тажни очи“ откако почнала да се дружи во европските високи кругови. Сораја Есфандиари Бахтиари била кралица во периодот 1951-1958, пред да се разведе од шахот Мухамед Реза Пахлави, по што била пратена во изгнанство. По разводот, Сораја се нашла во фокусот на папараците, и присуствувала на гала вечери и други отмени настани во прекрасни фустани и накит кои ѝ биле дадени од поранешниот сопруг за време на нивниот брак.

ir01 ir05

Сораја, која пораснала патувајќи од Европа во Иран и обратно, ја запознала принцезата Шамс, постарата сестра на иранскиот владетел, за време на престој во Лондон. Братот на принцезата, Мухамед Реза Пахлави, го наследил престолот од Реза Шах кон почетокот на Втората светска војна, за време на период на политички немири. Неговиот прв брак со принцезата Фавзија од Египет завршил со развод. Бидејќи имал само една ќерка од првата сопруга, а неговиот помлад брат Али Реза очекувал да го наследи, новиот владетел морал да се преожени за да ја обезбеди стабилноста на круната.

ir02 ir03

И тогаш принцезата Шамс, верувајќи дека 18-годишната Сораја е совршена невеста за нејзиниот брат, ја поканила на патување во Техеран за тие да можат да се запознаат. Два дена по пристигнувањето, Сораја се запознала со Мухамед за време на вечера кај кралицата Таџ ол-Молук. Според раскажувањата, еден ден по вечерата, таткото на Сораја ѝ рекол:

„На шахот многу му се допадна. Дали си подготвена да се омажиш за него?“

ir06

И само 24 часа подоцна тие се свршиле, а Сораја го добила првиот скапоцен камен од иранскиот владетел – зашеметувачки дијамантски прстен. Но, набргу по свршувачката, Сораја се разболела од тифус и неколку недели била прикована за кревет. Како што раскажува легендата, додека била болна, шахот секој ден ѝ оставал скап накит на перницата. Конечно се венчале на 12 февруари 1951 и Сораја станала млада кралица на Иран.

ir07

За време на свадбата таа била толку слаба што дворскиот лекар ѝ кажал да носи волнена поткошула под фустанот, како и волнени чорапи. Морала да исече осум метри од нејзиниот дваесет-метарски свадбен фустан на Кристијан Диор, за да може да стои за време на церемонијата.

По свадбата шахот и кралицата имале романса како од бајка – но идиличниот живот набргу спаднал кога се испоставило дека не можат да зачнат дете. Во октомври 1954 година, кога имала дваесет и две години, докторот ѝ кажал на Сораја дека можеби ќе ѝ требаат години да забремени, што значело дека можеби ќе останат без наследник на престолот.

ir08 ir10 ir09

Два дена подоцна, шахот се налутил кога неговиот брат Али Реза нема да стигне за неговата роденденска вечера, бидејќи доцнел од ловечка забава во близина на Каспиското Езеро. Следниот ден семејството дознало дека принцот Али Реза умрел во авионска несреќа на пат кон Техеран. Шахот наскоро увидел дека иако Али Реза имал ќерка со млада французинка, било нејасно кој ќе го наследи престолот. Како последица на семејниот и политички притисок поради тоа што не можеле да добијат дете, шахот и Сораја решиле дека е време да се разведат.

ir11

Распадот на бракот бил објавен на 14 март 1958 година, и Сораја била пратена во прогонство во Швајцарија. Шахот ѝ овозможил да живее удобен живот, патувајќи на релација меѓу Рим, Минхен и Париз, каде што станала икона во високите општествени кругови, прославувајќи се со својата раскошна колекција на скапоцени камења од Картие, Булгари и Хари Винстон.

Во 1980-тите, за време на исламската револуција кога Иран ѝ ги намалил приходите, таа продала дел од накитот, вклучително и дијамантски ѓердан од Хари Винстон. На 25 октомври 2001 година Сораја умрела во Париз, 21 година по смртта на нејзиниот поранешен сопруг, кој умрел во 1980 година, не добивајќи наследник за престолот. Неговата влада пропаднала во 1978-1979 кога власта во државата ја презела Исламската Република.

Сподели на Facebook
пати видено