Еден маж во Луизијана се удавил додека се обидувал да ја запроси својата девојка додека биле на одмор. Стивен Вебер од Батон Руж почина оваа недела додека ја запросувал својата девојка Кенеша Антоан под вода додека биле во Танзанија.

Кенеша ја објавила трагичната вест на Фејсбук, заедно со видео од запросувањето неколку минути пред да се случи кобниот момент.

Во видеото може да се види како Стивен држи ливче на кое од една страна пишува: „Не можам да го задржам здивот доволно долго за да ти кажам што сѐ ми се допаѓа кај тебе. Но… сѐ што сакам кај тебе, го сакам сѐ повеќе секој ден!“, од другата страна на ливчето ѝ предложил брак и извадил прстен.

За жал Стивен не доживеал да го слушне одговорот на Кенеша, но таа во трогателниот пост напишала дека нејзиниот одговор секако би бил да, во овој и во другите животи. Сѐ уште нема детални информации како дошло до кобната несреќа.

Сподели на Facebook
пати видено