Овие вознемирувачки слики ги прикажуваат секојдневните маки на брат и сестра од Индија додека се борат со ретко нарушување на кожата поради кое телото им е целото во крлушки. 13-годишната Сајали Карпасе и нејзиниот брат, 11-годишниот Сидант Капасе биле снимени во Медицинскиот центар во Махараштра, Индија. Нарушувањето предизвикува постојано лупење на кожата. Нивната мајка Сарика Капасе и нивниот татко Сантош Рамхандра Капасе присуствувале во болницата заедно со нивната деветмесечна ќерка Манасви.

На двете деца мора да им се нанесува медицинско масло најмалку трипати во денот, а мораат да употребуваат и медицински сапуни, шампони, лосиони и кремови за кожата да им биде во поднослива состојба. Се работи за ретко нарушување, но луѓето кои страдаат од него ги трпат последиците во текот на целиот свој живот. Но, во затворените и традиционални средини како во руралните области во Индија, голем проблем претставува и прифатеноста на децата од врсниците и локалната средина, што често знае да резултира со чувство на отфрленост и во најмала рака непријатни прекари.

dc01 dc02 dc03 dc04 dc05 dc06 dc07 dc08 dc09 dc10 dc11

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено