Се појави првата фотографија од херосјкото 5-годишно девојче кое почина обидувајќи се да го спаси животот на својата сестра, откако нивниот дом во Сирија беше бомбардиран.
Срцепарателните снимки снимени во градот Ариха, покажуваат како Рихам ја држи својата 7-месечна сестра Тука за нејзината блуза, додека нивниот вознемирен татко се обиде и не успеа да ги стаса до нив.
Рихам и Тука паднале од зградата, откако биле направени фотографиите, при што храбрата Рихам починала на лице место, додека нејзината помала сестра Тука се наоѓа во критична состојба.
Нивната мајка, како и останатите сестри исто така загинале во нападот, што го извршија владините сили, кои како што наведуваат, имале за мисија да ја ослободат провинцијата Идлиб од наводните џихадисти.
Фотографијата од херојското девојче е објавена на Твитер од страна на Чарлс Листер, директор на програмата против екстремизам при Вашингтонскиот Институт, со отворено седиште на Блискиот Исток.
Во нападот загинаа повеќе од 50 цивили, меѓу кои најмногу имаше жени и деца, а над 100 луѓе се повредени.