Мистеријата на мумифицираното тело на германскиот авантурист кој бил најден мртов на својата јахта на брегот на Филипините доби нов пресврт откако беа најдени писмо и неколку слики. 59-годишниот Манфред Фриц Бајорат чиешто тело било најдено од двајца рибари,напишал проштално писмо кон неговата сопруга Клаудиа, којашто умрела од рак на 53-годишна возраст во 2010 година.

mn01

„Триесет години бевме заедно на истата патека. Тогаш силата на демоните стана посилна од волјата за живот. Тебе те нема. Твојата душа нека почива во мир. Твојот Манфред“, стои во белешката.

mn02

Телото на Бајорат било најдено како седи близу радио телефонот, како да се обидувал да повика помош за да се спаси од смртта. Кристофер Ривас, жител на Баробо, рибарел задно со неговиот пријател на 60-тина километри од брегот, кога ја забележал јахтата.

mn04

Поголемиот дел од неа бил поплавен, и во неа биле најдени семејни фото-албуми, облека и конзерви храна расфрлани насекаде. Не се знае колку долго Манфред бил мртов, ниту пак што го убило, иако властите веруваат дека не се случило никакво злосторство. Последен пат за него се слушнало пред една година, кога исконтактирал со пријател преку Фејсбук.

mn06

Сувите океански ветрови, високите температури и солениот воздух помогнале неговото тело да се зачува. Полицијата се обидува да дознае за неговите последни патувања и кој последен пат зборувал со него. Неговото тело е однесено на аутопсија во Бутуан Сити. Се верува дека човекот умрел од природна смрт, веројатно од срцев удар и на неговото тело нема знаци на насилство.

мn07

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено