„Бебето Дои“ е закон донесен во САД во 1984 година со кој се налага лекарите да ги направат сите можни напори за да ги спасат животите на предвремено родените бебиња, без оглед каков е нивниот хендикеп или какви се желбите на родителите. Марк Ли Хантер и неговите соработници направиле истражување на кое првичното прашање им било дали „Дали докторите ги убиваат предвремено родените бебиња за да го спречат нивното растење во лица со хендикеп?“
Оваа истражувачка сторија била прилично голем залак за Марк и останатите поради чувствителната тема и недостатокот на информации. Поради тоа што не можеле едноставно да се јават во болниците и да прашаат дали некој од лекарите убива деца или дозволува бебињата да починат без да им помогне, тие своето откритие го основале на статистички податоци.
Тие откриле дека бројката на предвремено родени бебиња значително паднала во периодот од 1970 до 1984 година. со оглед на тоа што предвременото раѓање се поврзува и со хендикеп, се забележува и пад кај бројката на хендикепирани лица. Потоа од 1984 година, кога е донесен законот се забележува огромен пораст на предвремено родени бебиња.
По детално истражување и анализа тимот открил дека благодарение на законот 250.000, слепи,парализирани, со тешка ретардација, деца се одржани во живот. Но што се случувало со овие деца откако им бил „подарен“ животот?
Во тој период исто така имало реформи во САД за законите за социјално осигурување со што било отежнато да се добиваат додатоци, а тоа најчесто се однесувало секако на сиромашните и на оние кои не биле од белата раса, а исто така оваа група на луѓе повеќе била опфатена од предвремени раѓања. Што значи дека државата иако „дозволила“ предвремено родените бебиња да живеат поставила реформи во социјалното осигурување кои би ја отежнале грижата за овие деца.
Иако тие не можеле да откријат дали во моментот сеуште постои слична пракса на лекарите за „елиминирање“ на овие деца, статистичките податоци покажале дека во минатото тоа најверојатно била честа практика поради која биле изгубени многу животи, а со донесување на законот во 1984 „убиствата“ престанале, но се појавил нов „тивок убиец“ во форма на социјални реформи, кои хендикепираните лица ги исфрлиле на улица.
Тимот за приказната освоил две награди, но законот за социјални реформи не бил сменет. Приказната е објаснета во прирачникот за истражувачки новинари „Истражување врз основа на постоечка приказна“ од Марк Ли Хантер.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.