Гугл е најупотребуваниот пребарувач во светот, но во многу погледи тој не е и најдобриот, при што најмногу се истакнува проблемот со приватноста на корисниците. Во оваа листа ви претставуваме топ 5 алтернативи на Гугл, коишто нудат поголема безбедност и приватност, но понекогаш носат и поточни резултати со помош на комбинирањето на информациите од различни пребарувачи. Сето ова значи подобри резултати, без да се плашите дека некој ги собира податоците од вашите пребарувања.

1. DuckDuckGo.com

pr01

– Пребарувачот не ве следи
– Супериорно искуство на пребарување без пренатрупаност со непотребни информации и вистинска приватност.
– Развиван и одржуван од глобален тим
– Симпатично лого

2. Dogpile.com

 

pr02

– Работи на метапребарувачки систем, собирајќи ги најдобрите резултати од водечките пребарувачи како Гугл и Јаху, за побрзо да можете да го најдете тоа што ви треба.
– Секој пребарувач има свој сопствен метод на работа и секој ќе ви врати различни резултати. Догпајл ги прегледува и решава кои се најрелевантните, ги остранува дупликатите, за на крај да добиете добра листа на резултати.
– Чист интерфејс

3. Bing.com

 

pr03

– Овој пребарувач е обид на Мајкрософт да му парира на Гугл.
– Нуди свои „Мапи“ за навигација
– Одлично се интегрира со пакетите Мајкрософт Офис и Аутлук
– Прилагодлива позадина на пребарувачот

4. Ask.com

pr04

– Наоѓа одговори на вашите прашања
– Молскавично брзи резултати на пребарувањето
– Нуди „Прашање на денот“
– Одржуваат свој блог
– Пријатно корисничко искуство

5. Ixquick.com

pr05

– Најприватниот пребарувач на светот
– Професионален пребарувач базиран врз напредни методи на пребарување како Булова алгебра, фрази, асоцијации и полиња за пребарување.
– Нуди бесплатна прокси услуга
– Метапребарување

Сподели на Facebook
пати видено