Белковините (протеини, од грчкиот збор протеиос – првостепен) се важни органски соединенија неопходни за соодветниот развој и функционирање на човечкото тело. Има најразлични дебати за тоа колкаво е дневното количество белковини кое му е потребно на човекот, при што најчесто се препорачува 46gr белковини за жените од 19-70 години и 56gr за мажите од 19-70 години. Вишокот белковини се претвора во енергија, па така е дискутабилно дали овој вишок белковини претставува преоптоварување за црниот дроб. Недостатокот на белковини од друга страна доведува до мускулна атрофија и општа намалена функционалност на телото. Белковините се високо застапени во месото, рибата, сирењето, тофу, графот, леќата, јогуртот, ореви и разни видови семиња. Следува листа со разни видови храна и соодноосот на протеини во нив.
1. Мисиркини(или пилешки) гради
Белковини во 100g |
Белковини:Калории |
30g |
1g на 4.5 калории |
Пилешко: Пилешките гради (58g)содржат 17g белковини. Пилешки копан (68g) содржи 18g белковини
2. Риба (туна, лосос, камбала, харинга)
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
26g |
1g на 4.5 калории |
Други видови риба: гргеч(21g), бакалар (20g), тилапија (17g)
3. Сирење (моцарела)
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
32g |
1g на 4.7 калории |
*Безмасното сирење содржи најмногу белковини, додека кај масното соодносто белковини:калории вообичаено е 1:20.
4. Свински бут
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
25g |
1g на 5.2 калории |
5. Посно говедско месо
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
36g |
1g на 5.3 калории |
6. Тофу
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
7g |
1g на 7.4 калории |
7. Грашок
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
17g |
1g на 10.4 калории |
8. Јајца (особено белките)
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
13g |
1g на 12 калории |
Белката (33g) содржи 4g белковини, 1g белковини на 4.4g калории.
9. Јогурт
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
6g |
1g на 18g калории |
10. Ореви и семки (ореви, бадеми, кикирики, семки од тиква, сончоглед)
Протеин во 100g |
Протеини:Калории |
33g |
1g на 15.8 калории |