Заинтригирани сте од Белизе? Љубопитни за Коста Рика? Сонувате за Вануату? Сега има и добра причина за да ги посетите сите тие се на нова жешка листа на дестинации каде што можете да бидете сигурни дека вашето патување нема да биде разочарување.

Белизе

Оваа централноамериканска земја е карактеристична по карипските плажи, џунглите кои се дом на древните Маи и Белизескиот корален гребен, вториот по големина во светот по Големиот корален гребен. Неверојатната Голема Сина дупка, огромна длабока дупка на брегот е една од најпознатите светски нуркачки локации. Има и добри вести за посетителите со мал буџет, Белизе е рангирана како една од најевтините егзотични дестинации.

Зелено’ртски Острови (Кабо Верде)

Збир од 10 острови на северозападниот брег на Африка. Зелено’ртски Острови се познати по своите плажи, сурфање и шарени градови, како и уникатна култура која ги спојува африканските, португалските и бразилските обичаи. Популарни туристички дестинации ги вклучуваат островите Сал на север, со својот лунарен пејзаж и на исток, „Боа Виста“, што значи „прекрасен поглед“. Етичките акредитиви на Кабо Верде вклучуваат силни еколошки политики и посветеност на родовата еднаквост (жените поседуваат девет од 17 позиции во владата).

Чиле

Од својот живописен главен град, Санитаго, до Андите и впечатливиот национален парк Торес дел Пајн, Чиле е исполнет со интересни знаменитости. Чилеанската Патагонија, наречена „Последната граница на Патагонија“, беше именувана меѓу првите 10 региони на Lonely Planet за 2017 година. Чиле добива етички „поени“ за напредокот во социјалната благосостојба и човековите права.

Коста Рика

Прекрасни плажи, бујна џунгла, вулкани и водопади што повеќе Ви требаат од една дестинација за одмор? Наречена „Американски Бали“ во Коста Рика ќе останете под импресии за време на одморот и по одморот. Оваа место ги има едни од најубавите плажи во светот.

Доминика

Тропските дождовни шуми, вулканските црни песочни плажи и вжештеното Езеро кое ги има вторите по големина најжешки извори во светот се едни од местата кои мора да ги посетите на оваа карипска островска нација. Туристичките водичи советуваат Доминика да се посети додека не започне масовната посета на туристи, затоа што во 2018 ќе се отвори ланец на одмаралишта со големи капацитети.

Монголија

Позната по своите јурти, планини, пустини и номадска култура, Монголија сепак не е без модерни погодности. Новиот аеродром и хотелски комплекс Шангри-Ла, вклучува IMAX кино и Хард Рок Кафе кои треба да се отворат оваа година.

Палау

Оваа пацифичка островска земја составена од повеќе од 500 острови е благословена со неверојатни предели како на копно, така и на вода. Нуркањето е најголемата атракција, а кога ќе ги погледнете прекрасните Карпести Острови,колекција од стотици мали варовници и корални острови кои се дел од Светското наследство, ќе видите зошто оваа дестинација е толку прекрасна.

Тонга

Сочинета од повеќе од 170 острови, оваа јужно-пацифичка нација ја карактеризира автентичната островска култура, историјата и природната убавина. Главната атракција е гледање на китови и нуркање.

Уругвај

Сместен меѓу Бразил и Аргентина, најмалата земја во Јужна Америка има многу големо влијание со живописниот космополитски главен град Монтевидео. Исто така во прв план е и дивиот свет кој се наоѓа покрај Атлантскиот брег и просперитетниот ноќен живот во центарот на островот Пунта дел Есте. Тоа е исто така дом на впечатливиот хотел Каспуебло, човечко чудо изградено од уметникот Карлос Виларо.

Вануату

Наречена „земјата на насмевките“, оваа место е комбинација од гостопримливи локални жители и природни убавини. На пацифичкиот остров има чисти плажи, импресивни места за нуркање и еден од најпознатите вулкани во светот на островот Тана.

Сподели на Facebook
пати видено