Во минатото луѓето наоѓале секакви бизарни намени за да ја искористат крвта. Денес луѓето ја намалиле употребата на крв само во медицински цели, но сепак постојат чудни начини на кои крвта би можела да се искористи.

Замена за јајца

Во минатото кога се убивале животните ништо не се фрлало, дури и крвта наоѓала намена во супите и чорбите наместо јајцата, поради тоа што имаат слични хемиски состојки, особено албумин. Дури и во модерните времиња, крвта се користела како замена за јајца. Во Втората светска војна, Германците користеле крвна плазма наместо јајца за многу видови храна. Дури и во кулинарското шоу на Џулија Чајлд, се користела крв од петел како згуснувач.

Замена на крв

За среќа, постои достапна и потенцијално поевтина суровина за замена на крв: крв од крава. Хемоглобинот во крвта се користи за да се направат крвни замени HemoTech и Hemopure, кои имаат неколку предности во однос на обичната крв. Додека обичната крв има рок на траење од 42 дена, HemoTech трае 180, а на собна температура, Hemopure трае три години . Бидејќи се чист хемоглобин, крвните замени не треба да се совпаѓаат со крвна група.

Пластика

Bois durci, пластика направена од животинска крв, била патентирана од Франсоа Чарлс Лепаж во 1855 година. Крвта била земана од кланиците во Париз, потоа се мешала со пилевина и бои на дрво, а потоа се обработувала под топлина и притисок.

Замена за масти

Преработеното месо е полно со масти. Месната индустрија затоа сакала да пронајде алтернатива која ќе им е привлечна на потрошувачите. Крвните состојки може да го решат овој проблем. Како протеини, тие имаат помалку калории од масти и така ги намалуваат калориите за секој грам масти што го заменуваат. Тие се исто така евтини, и затоа што се природни привлекуваат повеќе потрошувачи.

Имунолошки засилувач

Во фармите прасето рано се одделува од неговата мајка и нејзиното млеко. Поради тоа што имунолошкиот систем на прасето е слаб и може да предизвика одредени инфекции и смрт. За среќа, постои алтернатива на антибиотиците: храна со крв за животни. Храната направена од крвна плазма на крави или свињи дава отпорност на болеста на ист начин како што го прави тоа млекото, преку антитела.

Додаток на железо

Крв од кланици била додадена во млеко, за целите на едно истражување, но откако млекото се покажало како непрактично биле направени колачиња со помош на оваа „состојка“ по што се покажало дека се ефективни во лекување на анемија.

Крв во бетон

Архитектурата на Стариот Рим, како што се аквадуктите, се многу издржливи. Ова можеби се должи на чудната состојка која што ја користеле, животинска крв. Додавањето на крв во бетонот прави воздушни меури. Овој систем на воздушни меури го направил бетонот полесен, посилен и поотпорен на мраз и оштетување од водата.

Лепило

Лепило направено од животинска крв има долга историја по повеќе земји. „Крвавиот лепак“ може да се направи од повеќе животни, вклучувајќи кокошки, крави и свињи.

Сурими

Сурими е вид на храна, во форма на паста, призведена од риба. Најчесто се користи како замена за месото од ракчиња. Рибите во Пацификот се почесто биле заразени со паразит кој иако не е штетен за луѓето ги сушел рибите. Но ова се сменило кога луѓето почнале да користат крв од крава за производство на сурими. Крвта му давала добра текстура и густина на јадењето.

Висок крвен притисок

Крвта од кланиците може да биде евтина замена за лековите за висок крвен притисок. АКЕ инхибитори можат да се екстрахираат од свиња, кокошка или крава. Крвната плазма и хемоглобинот се добри суровини за АКЕ инхибитори.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено