Лекарите велат дека отровот е едно од најужасните средства за да се убие човек. Жртвата може да претрпи долга, агонична смрт која трае со часови, денови или дури недели. Но овие безмилосни трујачи не чувствувале жал за нивните жртви.

10. Луиза Колинс

Луиза ја имала таа „чест“ да биде последната жена обесена во Нов Јужен Велс, Австралија во 1889 година. Таа нејзиниот сопруг Чарлс и нивните 7 деца имале голема куќа и изнајмувале соби на станари. Но, почнале да се шират трачеви дека Луиза е премногу „блиска“ со станарите. Чарлс успеал дури и да открие една афера со Мајкл Колинс. Неколку месеци подоцна Чарлс се разголел и починал, а Луиза се премажила за Мајкл. Неколку месеци потоа и Мајкл се разболел и ги имал истите симптоми како Чарлс и набргу починал. Тогаш полицијата се посомневала и направила обдукција по која заклучиле дека Луиза ги труела мажите со арсен.

9. Елизабет Вајс

Вајс веќе еднаш била во затвор за обид за убиство на нејзиниот сопруг. Таа потоа почнала да чува бебиња кои биле отфрлени од родителите за одредена сума на пари. Но, таа децата ги убивала со морфиум а од телата се ослободувала во печката во кујната. Кога била фатена таа била обезглавена, а никој не знае колку дека убила оваа сурова жена.

8. Адолф Сефелд

Се смета дека Адолф убил и силувал повеќе од 30 момчиња. Тој работел како трговец кој изработува часовници, а кога бил фатен во 1935 година Нацистите го искористиле како пропаганда против хомосексуалците. Адолф признал дека убил 12 момчиња со домашно направен коктел од отрови.

7. Каролин Грилс

Каролин ги труела нејзините најблиски со талиум, обичен отров на стаорци. Таа успеала да ја отруе маќеата, роднина на нејзиниот сопруг, нејзин братучед, пријателката на нејзината мајка и уште неколку луѓе кои често ја посетувале. Роднината Џон Дауни се посомневал во Каролин кога и тој ги забележал симптомите и ја пријавил во полиција. Каролин добила доживотна казна затвор.

6. Дејзи де Мелкер

Во 1923 година Дејзи се преселила со нејзиниот сопруг Вилијам и синот Родс во Јоханесбург, Африка. Одреден период подоцна Вилијам се разболел и починал наводно од мозочен удар. Дејзи го земала наследството и се премажила за роберт, исто така водоводџија кој подоцна починал од мозочен удар. Таа поворно го земала наследството и се омажила за уште еден водоводџија, Сидни. Но, наредната жртва не бил Сидни туку нејзиниот 20-годишен син. Кога полицијата го истражила случајот заклучиле дека Дејзи ги труела мажите со стрихнин. Таа била осудена на бесилка во 1932 година.

5. Берта Гифорд

Берта наводно одела во домашна посета за да се грижи за изнемоштените роднини и пријатели. Се верува дека убила околу 17 луѓе, а таа признала 3 од кои две биле деца од седум и осум години. Децата ги болел стомакот додека Берта се грижела за нив и таа им давала арсен за да им ја „олесни“ болката. Најстарата жртва на Берта имала 72 години, а најмладата 15 месеци.

4. Роберт Бучанан

Роберт ги убивал неговите жртви со морфиум до кој имал лесен пристап затоа што бил лекар. Тој бил фатен кога ја убил неговата сопруга поради наследство од 50.000 долари.

3. Лидија Шерман

Лидија била фатена кога го убила третиот сопруг. Таа претходно била мажена за полицаец кој ја изгубил работата и паднал во депресија. За да се ослободи од него таа го отрула со арсен, а бидејќи имале 5 деца кои и биле „товар“ на Лидија таа првин ги отрула најмалите а подоцна и постарите. Потоа се омажила за постар фармер, но го отрула и него. Наредниот сопруг имал две деца кои Лидија не ги сакала и затоа ги отрула и нив. Нејзиниот сопруг од тага почнал се почесто да пие и една вечер по грешка го земал шишето со отров и го испил. Лидија тврдела дека него не сакал да го убие.

2. Варолус П. Колиџ

Колиџ работел како лекар во Ватервил и тој често имал големи долгови. Кога Едвард Метјус пристигнал во неговиот дом за да си ги бара парите Колиџ го понудил со виски во кое ставил киселина. Потоа го удирал мртвото тело го земал паричникот и го оставил покрај патот за да изгледа како кражба. Тој дури и самиот си изршил обдукција на неговата жртва кога полицијата го пронашла телото. Но, сепак еден лекар се посомневал во чудниот изглед на стомакот на Едвард и го пратил во поголем град на анализа. Колиџ бил притворен и извршил самоубиство во затворот пред да биде осуден.

1. Антони Десруес

Антони глумел дека е од аристократско семејство и бил одличен измамник кој успеал одреден период да живее во куќа која припаѓала на богато семејство Ламот. Кога госпоѓата Ламот и нејзиниот син дошле во Париз за да ги земал парите за откупениот имот Антони успеал да ги убеди со неговиот шарм да почекаат неколку дека. Во тој период тој ги труел и нивните тела ги закопал во подрумот. Тој им кажал на сите дека госпоѓата Ламот избегала со парите заедно со нејзиниот љубовник, нејзиниот син заминал во друг град. Господинот Ламот не сакал да верува во приказната на Антони и затоа покренал интензивна истрага и успеал да го разоткрие убиецот, кој подоцна бил погубен.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено