Запознајте се со јужнокорејската верзија на Петар Пан – човекот кој не може да порасне!

Изгледа како да е ученик кој допрва треба да влезе во пубертет, но ова момченце со бебешко лице всушност е 26-годишен млад маж. Хјомјунг Шин од Кореја страда од ретка здравствена состојба наречена „синдром на хајландер“, кој го спречува неговото тело физички да старее и успорувајќи го неговиот развој речиси до запирање, известува Кореабу.

29D94DC200000578-0-image-a-16_1434938034452

Со неговиот мек глас, нискиот раст и буцкастите образи, младиот маж кој изгледа како тинејџер за викендите излегува во ноќни клубови, пие алкохол и танцува на подиумот.

Наречен со прекарот „Петар Пан од Кореја“, него често погрешно го сметаат за дете поради неговото мазно лице, при што често мора да ја покажува својата лична карта за да докаже дека е роден во 1989 година.

29D94DCB00000578-0-image-a-18_1434938077431

Шин, појвавувајќи се во документарен филм за локална телевизија, изјавува дека сѐ уште не влегол во пубертет, се обиде да изгледа постарно, но без успех. Фотографиите од неговото детство покажуваат дека во детството се развивал нормално, но неговиот растеж ненадејно запрел.

Во филмот се гледа и како 163 сантиметри високиот Шин излегува на состанок во кафуле со млада жена која се шокираше кога ѝ ја кажа својата возраст. И покрај неговата здравствена состојба, докторите велат дека тој е во добро општо здравје.

29D94DD400000578-0-image-a-9_1434937945792 29D94E2A00000578-0-image-a-19_1434938088955     29D9610E00000578-0-image-a-17_1434938067712

Сподели на Facebook
пати видено