На повеќето луѓе кои чуваат милениче внатре во домот не им пречи тоа да спие со нив во креветот. Сепак не сите миленичиња се исти, некои се мали, некои големи, некои се кралеви на џунглата.
Зулкај Чаудхари од градот Мултан, Пакистан пред 6 месеци си купил ни помалку ни повеќе, туку лав, за милениче.
Лавот Бабар сега тежи 76 килограми и јаде по 8 килограми месо на ден. Зулкај му дозволува на новиот пријател слободно да си шета низ домот иако има 2-годишен син. Бабар си има свој голем кревет и клима во собата.
Тој вели: „Тој е како моето дете. Имаше два месеци кога го зедов. Тој живее со мене шест месеци. Многу ги сакам лавовите и чувствував желба да се грижам за еден. Никогаш не разговарав со моето семејство и само го зедов, а потоа им кажав. Но, сите беа многу среќни кога го видоа. Не сум загрижен дека ќе нè нападне. Дури и мојот син доаѓа да се игра со него. Никогаш не сум го врзал Бабар ниту ќе го направам тоа, го сакам како свое дете. Тој е како плишано мече, навистина.“
Иако добил дозвола од властите за да го чува дивиот ѕвер во домот, Зулкај не открива од кого го купил лавот кој го чинел 3.600 евра. Само за храна Зулкај троши на Бабар цели 2.700 евра.