Многу стари пронајдоци, трендови и лекарства изгледаат доста морничаво гледано од денешна гледна точка. Но еден изненадувачки морничав аспект од тогашниот живот особено се издвојува: процедурите и производите за убавина.

Жените во триесеттите и четириесеттите се грижеле за нивната надворешност исто како што тоа го прават и денешните жени. Единствената разлика е во достапната технологија. Овие четиринаесет слики прикажуваат некои од најоткачените процедури низ кои жените минувале, сѐ во име на убавината.

1. Ова изгледа како доста моќен фен.

ub01

2. Процедура за трајна фризура во Германија, 1929г.

ub02

3. Оваа луда направа била измислена од Макс Фактор во 1930. Се употребувала како помагало за прецизно нанесување на шминка.

ub03

4. Пред да се појави заштитата од сонце, имало „Наметка против пеги“. Некои модели имале дури и вградени очила за сонце, како прикажаната на сликата подолу.

ub04

5. Доколку сте посетеле „салон за слабеење“ во четириесеттите, можеби ќе сте налетале на ваква столица, која ги масирала нозете и наводно помагала во слабеењето.

ub05

6. Ова е процедура од триесеттите при која докторите ги отстранувале пегите со јаглерод диоксид. Очите и носот на пациентите се затворени како мерка на заштита, а дишењето се одвивало преку цевка.

ub06

7. Акните и митесерите на лицето се вшмукувале со вакви цевки.

ub07

8. Не сме баш сигурни што точно се случува тука, но изгледа страшно.

ub08

9. Со оваа страшна маска се загревало лицето за подобрување на циркулацијата, што наводно ја правело кожата да изгледа помладо.

ub09

10. За време на дваесеттите се мислело дека носењето на гумени „маски за убавина“ ќе ги измазни брчките.

ub10

11. Пред Првата светска војна жените ќе седеле со часови во машини како оваа за да си направат кадрици.

ub11

12. Ова е т.н. маска против мамурлак, исто така измислена од Макс Фактор. Била особено популарна кај холивудските ѕвезди во четириесеттите. Пластичните коцки се полнеле со вода и се замрзнувале.

ub12

13. Којзнае за што точно служи оваа овошна маска, но со сигурност изгледа шокантно.

ub13

14. Жената на оваа фотографија носи „капичка за гламур“, која наводно правела лицето да изгледа розово. Го правела тоа преку снижување на атмосферскиот притисок околу главата „создавајќи алпски атмосферски притисок“. Некако тоа не ни звучи многу безбедно.

ub14

Сподели на Facebook
пати видено