Германскиот фотограф Мартин Риц снимил ретка глетка за време на ерупцијата на вулканот Синабунг во Индонезија. Тој успеал да сними луња од молњи во внатрешноста на вулканскиот пепел. Резултатите на сето тоа се застрашувачки додека молњи, пепел и торнада се стрмоглавуваа врз соседните села, уништувајќи сѐ пред себе. Ова е смрзнувачко потсетување на неверојатната моќ на природата и потсетување за штетата која можат да ја причинат вулканите.
Молњите се предизвикани од статичниот електрицитет создаден од судирот помеѓу честичките пепел и воздухот.
Заедно со еруптирачкиот вулкан со височина од 2438 метри, ова било удар кој ниедно место на Земјата не може да го поднесе.
Индонезискиот вулкан бил заспан 400 години до неговата ерупција во 2010, и од тогаш еруптирал уште во неколку наврати.
Ерупцијата создала смртоносни и тивки пирокластични струи кои ги опфатиле и запалиле селата.
„Сите посеви беа уништени, а жителите беа евакуирани“, се вели во извештаите. „Мини торнадата беа предизвикани од топлиот воздух од пирокластичните струи кои се мешаа со воздухот коешто предизвика вртлози измешани со ситен прав и пепел.“
За среќа, ерупцијата снимена тука не однела ниеден човечки живот.
Но, последователната ерупција и серијата торнада подоцна ќе ги одземат животите на неколку набљудувачи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!