Длабоко во нас, сите ние знаеме дека веројатно се случуваат некои непријатни нешта по хотелите. И како што се чини, некои хотелски работници уште повеќе ќе ги зацврстат нашите длабоки сомнежи. Овие работници ја употребиле апликацијата „Виспер“ за анонимно да објават некои од најскандалозните, најсомнителните и најнепристојните нешта коишто сте ги виделе, или можеби направиле во хотелите. Можеби кога следниот пат ќе појдете на одмор, би било подобро да отседнете во куќа на некој пријател? Само предлог…Прочитајте ги овие нешта.
1. „Работам во хотел и намерно ја држам температурата во ходникот ниска, за да не ми висат некои глупави луѓе таму.“
2. „Работам во хотел и понекогаш како собна послуга. Никогаш не носиме, ниту купуваме храна, бидејќи си штрбнуваме од нарачаната храна пред да ја испорачаме.“
3. „Јас сум слугинка во хотел, и понекогаш ме мрзи, па ги оставам истите чаршафи на креветот, само ќе ги дотерам малку. Навистина ги за луѓето кои потоа ќе дојдат.“
4. „Понекогаш кога луѓето ќе се јават да резервираат, им кажувам дека сме полни, бидејќи ме мрзи да им правам резервација.“
5. „Да, ве слушам кога имате секс.“
6. „Порано работев како послуга во хотел. Кога некој ќе ми ги дадеше клучовите, ќе се одвезев кадешто ќе посакав и не плаќав за бензин.“
7. „Јас чистам во хотел кадешто работат проститутки, и кога ќе остават употребени кондоми на подот, ги употребувам лажиците во собата за да ги кренам и потоа само ќе ги исплакнам лажичките.“
8. „Никогаш не се мијат чашите и шолјите во собата.“
9. „Секогаш познаваме кога некој е дојден да изневерува.“
10. „Ги собирам напојниците кои ги оставаат гостите во нивната соба, дури и ако таа соба не се наоѓа на мојата листа за чистење.“
11. „Понекогаш ќе влезам во празна соба и мастурбирам за побрзо да ми мине смената.“
12. „Кога некој од гостите е премногу напорен, му ги оставаме највалканите чаршафи.“