Кога ќе си помислите на крокодили, веројатно не си ги замислувате како најпријателските, најгаловните суштества на планетата. Ако здогледате како некој се влечка на брегот, првото што би си го помислиле е да избегате колку што е можно побрзо. И нормално, би биле сосема во право.
Сепак, има едно место на светот кадешто крокодилите и луѓето си живеат во хармонија. Тоа е место кадешто децата пливаат заедно со огромните влекачи, додека мајките мирно ги гледаат од брегот. До сега ни еден човек не бил повреден од крокодил во селото Пага во Гана, дом на некои од најмирните крокодили коишто некогаш сте ги виделе.
Во езерцата во Пага има два крокодила со кои луѓето редовно се во допир. Крокодилите привлекуваат и туристи, кои ги галат и позираат со нив на плажите. Луѓето ги намамуваат крокодилите надвор од водата со кокошки, за потоа да се дружат и попечат на сонцето.
Многу се добри во насмевнување за фотографии
Крокодилите се централна тема во локалниот фолклор. Месните жители веруваат дека крокодилите ја чуваат душата на секој од селаните. Ако умре некоја важна личност од селото, се верува дека умира и еден од крокодилите.
Има и легенди кои објаснуваат зошто крокодилите се толку пријателски настроени кон луѓето. Според една приказна, еден човек бил нападнат од лав и склучил договор со крокодилот: ако крокодилот го однесе на безбедно, тој и неговите потомци никогаш нема да повредат крокодил. Според друга еден човек нашол вода со помош на крокодил, па така во благодарност основал град во кој крокодилите секогаш се добредојдени.
Што се однесува до крокодилите, никој не е сосема сигурен како се нашле толку длабоко во внатрешноста на Африка во овие езерца, но тука се веќе подолго време. Се проценува дека најстарите се стари осумдесеттина години. Како и да дошле тука, изгледа дека уживаат да се дружат со луѓето, особено ако тоа значи пилешко без мака.