Летото е прекрасно годишно време, кога конечно можеме да одиме на заслужен одмор, да се сончаме, да пливаме и да уживаме. Неизбежен елемент на плажите се неколку различни типови на луѓе, секој со своите карактеристики.
Мотика ги издвои најпопуларните ликови што ќе ги сретнете на било која плажа во светот.
1. Сонцефоб
Мото: „Го заборавив кремот за сончање“
Атрибути: Чадор, спреј за сончање, капа, маица, крпа, крем за изгореници.
Карактеристики: Некако чудесно успева да изгори под чадор и на облачно време.
2. Фитнес манијак
Мото: „Каде ми е маслото за тело?“
Атрибути: Минијатурен костим за капење, масло за сончање, очила за сонце.
Карактеристики: Цела година вежба за оваа 1 недела на море.
3. Љубител на изгореници
Мото: „Целото тело мора да ми биде рамномерно исончано“
Атрибути: Удобен костим за капење, задолжително 2 броја поголем.
Карактеристики: Може со часови да гледа во далечина.
4. Копач на злато
Мото: „Што ако ја најдам мојата судбина овде?“
Атрибути: Секси костим за капење, сандали на штикла, прстени, нараквици и се што блеска.
Карактеристики: Може по цел ден да стои или да лежи во својата најфотогенична поза.
5. Скулптор
Мото: „Ајде да направиме песочен замок!“
Атрибути: Пластична кофичка; Во ВИП-верзија можете да го видите и со лопатка и разни форми за правење украси.
Карактеристики: Ќе изгради вистинска палата од песок на 3 спрата за половина час.
6. Нудистка
Мото: „Сакам да носам фустан без прерамки.“
Атрибути: Раце на најистакнатите делови на телото.
Карактеристики: Таа знае како да се одмори, без да им обрнува внимание на погледите на минувачите.
7. Делфин
Мото: „Водата е мојот елемент“.
Атрибути: Сопствените раце и нозе.
Карактеристики: Знае да плива, но постојано ги прска сите околу него.
8. Инстаграмерка
Мото: #нозе #најдобарден #жешко #море #лето #госакам #summer2018 #лето.
Атрибути: Телефон со камера.
Карактеристики: Може цел ден да се фотографира за да добие една идеална фотографија за на Инстаграм.
9. Секогаш гладни
Мото: „Водата ме изгладнува“
Атрибути: Чипс, Кока Кола, пченка, овошје, крофни…
Карактеристики: Постојано јаде нешто; Тој им е главен извор на приходи на продавачите на пченка на плажа.
10. Мајтапчија
Мото: „Ајде… Ќе биде јако!”
Атрибути: Медуза и други морски животни.
Карактеристики: Ви се приближува тивко и незабележливо, кога воопшто не очекувате.
11. Пивар
Мото: „Дојдов на море за да се одморам!“
Атрибути: Пиво, шешир и пресончан.
Карактеристики: Целиот одмор го преспива и ниту еднаш не влегува во морето, но се буди во вечерните часови и ги тера соседите да се забавуваат.
12. Спортист
Мото: „Извинете, топката пак дојде кај вас!“
Атрибути: Топка за одбојка, топче за надувување, фризби.
Карактеристики: Постојано ја фрла топката некаде на страна; Околу себе создава многу прашина и бучава.
13. Адреналинец
Мото: „Уште на скутер да пробаме!“
Атрибути: Предмети на дување наменети за екстремна забава.
Карактеристики: Колку и да го превртувате, тој секогаш стои исправен.
14. Мајка
Мото: „Излегувај од водата!“
Атрибути: Мало дете и непријатно силен глас.
Карактеристики: Може да вреска толку силно, што ќе се слушне дури до другата плажа.