Веруваме дека секој кој некогаш работел како курир, па и оние кои не се, знаат дека основното правило е безбедно да се достават пратките, особено кога на нив стои кршливо или пишува дека чинат прилично многу.
Но, овој курур од FedEx, САД не го добил известувањето. Фотографот од Флорида, Грег Риеглер си порачал објектив од 1.500 долари, а вредниот курир му го достави со стил. За среќа тој има камера пред вратата па ја опфати „грациозната достава“.