Македонско семејство. Мажот се испружил на каучот и гледа телевизија, додека неговата жена напорно чисти низ дома. По некое време тој станува, оди кај неа и ѝ вели:
– Душо, ми стана непријатно. Не можам да те гледам како се мачиш. Ќе фатам да излезам малку надвор да прошетам…