Тинејџерка од Данска којашто била сексуално нападната во близина на центар за мигранти ѝ било кажано дека таа ќе биде кривично гонета затоа што употребила пепер спреј за да се одбрани од напаѓачот. Седумнаесетгодишната девојка ѝ кажала на полицијата дека била нападната во крајбрежниот град Сендерборг од страна на човек кој зборувал англиски и кој ја соборил на земјата и се обидел да ја соблече. Но, таа успеала да се одбрани и да спречи да ја силува така што го напрскала со спреј.
Но, бидејќи е незаконски да се употребува пепер-спреј, тинејџерката ќе се соочи со обвиненија и најверојатно ќе треба да плати казна од 500 круни (околу 65 евра). Кнуд Кирстен, портпарол на локалната полиција, го изјавил следното: „Не е законски да се поседува и употребува пепер-спреј, па така таа најверојатно ќе биде казнета за тоа.“
Човекот кој ја нападнал девојката избегнал од местото на настанот и сега за сега не се соочува со никакво обвинение. Но, случајот поттикна доста бранувања во Данска, кадешто случаите на сексуални напади врз жени е во пораст. На почетокот на овој месец неколку жени од Сендерборг пријавиле дека биле малтретирани од агресивни бегалци од локалниот азилантски центар.
Ова се случува по растечкиот број на сексуални напади од страна на мигрантски групи низ повеќе европски земји, при што најпознат е случајот во германскиот град Келн. Поради тоа, во неколку ноќни клубови во Сендерборг им е забранет влезот на луѓето кои не говорат дански, германски или англиски. „Бади Холи“, клуб во Сендерборг, кој е популарен помеѓу студентите, е еден од клубовите кои го примениле ова ограничување за сите гости, а сопственикот овој негов потег го брани со објаснувањето дека се работи за безбедносни мерки. „Применивме некои правила за нашите гости да имаат пријатно искуство и да се чувствуваат безбедни“, вели сопственикот Том Холден.
Во меѓувреме данскиот парламент изгласа закон со кој може да им се одземат лични работи на барателите на азил, во обид да се намали на бројот на мигранти кои се доселуваат таму. Според новиот закон, властите ќе имаат право да ги пребараат мигрантите и да им одземат лични работи и пари кои надминуваат 1300 евра, како еден вид учество во трошоците за нивниот престој во земјата. Од ова ќе бидат исклучени единство венчалните прстени и предметите со сентиментално значење. Покрај тоа, барателите на азил ќе мораат да чекаат три години пред членовите на нивните семејства да можат да им се придружат во земјата, за разлика од досегашната пракса за чекање една година.
Ова се реакциите на бегалците на новиот дански закон:
„Мислам дека ова е погрешен закон, ние не го прифаќаме и го осудуваме. Денес протестиравме и ќе продолжиме да протестираме против него, и сакаме данскиот парламент повторно да размисли за овој нов закон, бидејќи ова нас нѐ дехуманизира“.
„Многу ми е жал за овие нови правила и навистина е многу лошо што данскиот парламент донесе толку тешки и строги закони. Ова не е добра одлука“.
„Чувствувам општа безнадежност, бидејќи многу бегалци избегаа во Данска и на Запад, бидејќи веруваат во човекови права и демократија, и веруваат дека ќе ги најдат тука, а нело Западот постојано за тоа зборува, дека Западот е светилник на демократијата и човековите права и почит кон поединецот, а сега со овие нови закони е очигледно дека нашите политичари немаат почит кон луѓето коишто немаат дански пасош“- вели еден од активистите за човекови права.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!