Праќањето пошта во вселената е малку проблематично, па кога една тинејџерка од Тексас посакала да му прати порака на нејзиниот татко астронаут, морала да биде креативна. 13-годишната Бежичната телефонија не ѝ вршела работа бидејќи сакала на татко си да му прати визуелна порака за тоа колку ѝ недостига кога не е дома.

Кога тој заминал на својата мисија, таа решила да направи огромна уметничка прегратка во пустината која може да се види од Меѓународната вселенска станица.

p01

Нејзиниот татко е страсен фотограф и сака да ја слика Земјата додека е на својата мисија лебдејќи во вселената. Стефани си помислила дека би можела да го искористи тоа негово хоби за да го изненади со нејзината порака.

p02

Побарала помош од Хјундаи, големата компанија за производство на автомобили, за да го направи цртежот кој постави нов светски рекорд со својата големина. Компанијата употребила седум седани за да ја нацрта пораката во Деламар Драј Лејк во Невада која гласи „Стеф те сака!“ координирајќи ја акцијата со помош на хеликоптер.

p03 p04 p05 p06

Стефани ја нацртала пораката на хартија, а Хјундаи го копирале тоа на огромната земјена површина.

Нејзиниот татко ја сликал пораката од вслената за да ѝ покаже на својата ќерка дека нејзиниот план успеал. Со 5 556 411.86 квадратни метри, Гинисовата книга на рекорди ја прогласи пораката за најголемата слика направена со автомобилски гуми.

Потфатот е снимен како видео за Кампањата за ново мислење на Хјундаи.

p07

Таткото на Стефани ја слика пораката од Меѓународната вселенска станица.

p08

Сподели на Facebook
пати видено