Во некои денови левата нога на Алис Малдер може да биде и три килограми потешка од нејзината десна нога. 19-годишната девојка од Перт, Австралија, страда од примарна лимфоедема, хронично и нелечиво нарушување кое предизвикува нејзината нога да отекува со лимфна течност. И покрај непријатните погледи од непознатите кога ќе ѝ ја видат ногата, Алис не дозволува тоа да ѝ попречи во вежбањето одбојка и пливањето на плажа. Оваа студентка по маркетинг вели дека е постојано во борба нејзината нога да не и попречува во нормалниот живот.

dv01

„Ова нарушување секогаш беше нешто со што морам да се справувам“, вели таа. „Секогаш бев по фитнесот и добрата форма, вложувам многу труд во тоа, што е тешко бидејќи мојата нога никогаш нема да се промени.“

Алис секогаш размислува како да направи нејзината нога да изгледа помала кога е во јавност.

„Знам дека звучи глупаво, но секогаш се прашувам дали ќе помогне некое парче облека, или ако носам чорапи за стегање. И никогаш не се сликам застаната на двете нозе. Но, моите пријатели имаат разбирање. Секогаш ги замолувам да ме сликаат од поубавата страна.“

dv02 dv03

На Алис ѝ било дијагностицирано ова нарушување кога имала 14 години, откако си го повредила глуждот играјќи кошарка.

„Кога си го извртев глуждот додека играв кошарка, тоа навистина потече и оттогаш никогаш не спласна. Тогаш ми поставија дијагноза на примарна ломфоедема.“

dv04 dv05

Ова ретко нарушување погодува еден на секои шест илјади Австралијци и на Алис ѝ било многу тешко да им објасни на луѓето кога ќе го видат тоа.

„Некои луѓе ме погледнуваат чудно кога ќе забележат. Бидејќи не знаат што не е во ред. Не е некое убаво чувство – но повеќето луѓе се доста добри кога ќе им објаснам. Дури и докторите се мачеа да препознаат што ми е“, вели таа. „Ми требаше речиси година да најдам физиотерапевт кој би можел да ја лекува, а дури и тогаш ги немаа потребните средства.“

dv08

За да го контролира отекувањето, Алис минува колку што може повеќе време носејќи чорапи за стегање. Без неа, нејзината рутина на вежбање би предизвикала потекување на ногата со тежина од три килограми.

„Кога ќе потече, може да ја крене температурата и очигледно е потешка од мојата друга нога“, вели таа. „А одбојката не е баш најсоодветниот спорт за тоа, поради скокањето.“

dv09

Иако понекогаш се мачи да се справи со телесните ефекти на нејзиното нарушување, таа вели дека никогаш не дозволува тоа да ѝ попречи да води нормален живот и да го прави тоа што го сака.

„Сѐ уште можете да ги правите истите нешта како и другите. Студирам, имам одлични пријатели и спортувам секој ден. Сѐ уште одам на плажа и слично. Не можете да дозволите тоа да ви попречи. Само понекогаш малку боли.“

nkafe

Сподели на Facebook
пати видено