Првиот ден на факултет може да биде трауматичен за бруцошите – но една девојка од Тексас можела да се потпре на нејзиниот вечен пријател – нејзиниот дедо. Мелани Салазар за првпат влегла во колеџот Алто ПАло во Сан Антонио, Тексас, веќе познавајќи еден од најпознатите мажи во кампусот – нејзиниот дедо, 82-годишниот Рене Неира.
Дедото на тинејџерката учел за да се здобие со диплома по економија и очекува да дипломира по крајот на овој семестар. Неира студирал економијата уште откако Салазар памети за себе, во исто време работејќи на својата кариера, па така нејзе ѝ било нормално да се запише на истиот колеџ на кој бил запишан и тој.
18-годишната девојка се изненадила кога објавата на Твитер со неа и нејзиниот вреден дедо станала многу популарна, со повеќе од 2000 ретвитови.
„Супер е да се дознае дека нешто што мене ми е сосема нормално е толку невообичаено на други“, вели таа.
Салазар, која студира либерални уметности, вели дека нејзиниот дедо е популарен поради неговиот приземен карактер и дружељубивост, и покрај тоа што од некои од неговите колеги е постар со децении.
„Мислам дека луѓето ги привлекува со тоа што како 82-годишен човек, не се откажува од образованието. Тој е решен да земе диплома.“
Тој се запишал на факултет во 1950-тите, но морал да го прекине образованието за да може да го издржува своето семејство.