Мекензи Месман е 17-годишно девојче од Небраска кое до пред 3 години имало нормален живот, вежбала гимнастика и била мажоретка сѐ додека не била дијагностицирана со „Синдром на активираните мастни клетки“.
Ова предизвикува автоимуниот систем на нејзиното тело да се активира од сè, од сонцето до парфеми и храна. Така што велат дека младата Мекензи е алергична на „животот“.
Семејството го посвоило кучето Меки, во 2016 година и го истренирале да ги почувствува нивоата на хистамин и отчукувањњто на срцето на Мекензи и да ја предупреди пред да се случи рекација. Ова ѝ овозможува да зема лекови за да ја намали сериозноста на нејзините симптоми или да се смести во удобно место пред да доживее напад.
Мекензи вели: „Кога ќе имам алергиска реакција таа ми ја лиже раката, кога срцето ми чука премногу брзо ја поттурнува мојата нога или рака, а кога е мигрена, таа ми ја става шепата на нозете. Таа ме известува за промени во моето тело, но, исто така, зема паднати предмети, па не морам да се наведнувам и да го исклучам светлото и кога ќе имам мигрена. Анафилаксата е кога вашиот дишните патишта се затвораат, така што може да биде фатално во секое време.“, вели Мекензи.
За среќа Меки ја предупредува 20 минути пред да доживее анафилактичен шок и Мекензи вели дека таа ѝ го спасува животот скоро секој ден.
Тинејџерката поминува и по 15 часа во спиење и ретко може да излегува надвор поради нејзината состојба, а кога излегува со себе ја носи и Меки. Исто така Мекензи најчесто е во инвалидска количка во случај да доживее некој напад.