Тинејџери се самозапалуваат во очајнички обид да добијат интернет слава. Најновата идиотска лудост на интернет се нарекува „Огнениот предизвик“ (Fire Challenge), во кој младите ставаат на своите тела некој вид на катализатор и се самозапалуваат.

Персоналот од болница во Англија изјавил дека овој „предизвик“ почнал да се шири низ Англија и сѐ почесто им доаѓаат тинејџери со сериозни изгореници. Во август 12-годишно девојче од Детроид изгорело 49% од нејзиното тело поради бизарниот предизвик.

Тамаја Ландерс го направила предизвикот пред нејзините две пријателки, додека нејзината мајка им подготвувала палачинки. Во еден момент жената слушнала експолозија, по што кога влегла во собата ја видела Тамаја во пламен. Заедно со нејзиниот сопруг реагирале, го изгасиле девојчето и го однеле во болница.

Властите велат дека децата со цел да станат популарни на интернет и да бидат признаени прават вакви лудости кои можат да им остават последици кои ќе ги следат до крајот на животот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено