Наука! Тоа е тоа што го врти светот – па, всушност едно од нештата кои го вртат светот, но нема спор дека науката има голем удел. Од медицинските кабинети, вашите телефони до вашето знаење за вселената – за сето тоа треба да благодарите на науката. За некои луѓе науката можеби е малку напорна работа, но и тоа е вештина којашто се учи и станува блиска првенствено преку пракса. Се разбира, некои луѓе се имаат природна наклонетост кон науките, и денес пишуваме во нивна чест.

Во 2014г. беа направени пробиви од секаков вид, но интересно е тоа што се направени поголем број на научни откритија од страна на – тинејџери од целиот свет! Од револуционизирање на производсвото на пластика, до откривање на клучни елементи во лекувањето на канцер, овие тинејџери својата страст и енергија ги насочија во нешто што може да го промени светот.

Ен Макосински, 16 год. од Британска Колумбија, изработи светилка којашто во целост добива енергија од топлината на човечката рака. Ова може да им обезбеди осветлување на луѓето без достап до електрична енергија.

dc01

Елан Филер, 15 год. од Калифорнија, им помогна на истражувачите да откријат зошто смртоносниот вид на габи станал отпорен на лекарствата и помогнала да се спасат многу животи. И сето тоа со нејзиниот проект за научен саем.

dc02

Кога ѝ беше дијагностициран редок вид на рак, Елана Сајмон, 18 год. од Њујорк, го употреби своето сопствено заболување да го открие клучот на канцерогената мутација, отворајќи можности за нови, поефикасни начини на лекување.

dc03

Сајмон Кашок-Маренда, 14 год. од Пенсилванија, откри дека природниот засладувач познат под името „truvia”, т.е. „стевија“, не е поздрав од шеќерот, бидејќи ги убива овошните мушички. Но тоа знаење може да помогне во развојот на природни пестициди безбедни за човечкото здравје.

HE1FLY05Z-b

Елиф Билгин, 16 год. од Турција, помага да се намали зависноста од нафта преку развој на биоразградувачка пластика добиена од кори од банана. Се надева дека оваа технологија ќе помогне да се намали отпадот и да се зачува околината.

49c_c450f

Иша Кари, 19 год. од Калифорнија, разви уред со нанотехнологија кој може да наполни телефонска батерија за помалку од една минута. Еден ден може да се искористи и за полнење на батерии на електрични автомобили.

 dc06

Софи Хили-Тау, Емер Хајки и Клара Џаџ, сите на 16 год. од Кинсејл, Ирска, ја освоија првата награда на Научниот саем на Гугл со нивниот проект кој со помош на бактерија која се врзува за азотот овозможува да се зголеми жетвата и потенцијално би можел да го реши проблемот со глад во светот.

dc07

Сподели на Facebook
пати видено