Седумнаесетгодишно момче од Флорида се подложи на првата операција за намалување на пенисот, бидејќи му пораснал преголем пречејќи му да има нормална ерекција и да спортува.
Во нееректирана состојба, должината на неговиот пенис изнесува 17 сантиметри, со обем од 25 сантиметри.
Тинејџерот изјави дека е спречен да има сексуален однос или да спортува, како и дека има проблеми со облекувањето поради големиот и тежок фалус, чувствувајќи се засрамено поради неговата видливост под нормална облека. Па така побара од докторите да му го намалат. Еве како на тоа негово барање реагира урологот Рафаел Карион:
„Во кариерата на секој уролог доаѓа таков миг кога пациент ќе побара нешто толку ретко и неразбирливо што ве остава без зборови. За мене тоа беше прашањето „Можете ли да ми го намалите пенисот?“ – изјави докторот.
Мажи, сега подгответе се да затреперите. За да ја намалат големината на пенисот на момчето, хирурзите ја потсекле кожата на пенисот, свлекувајќи ја надолу, и потоа отсекле од ткивото од двете страни, правејќи му нешто како липосукција на пенисот.