Посетителите на резерватот на тигри Тадоба Андара во Махараштра, Индија, навистина се изненадија кога мало заскитано срнче се најде на патот на огромна тигрица. Сосема природно, сите сметаа дека тоа нема да заврши добро за младенчето, бидејќи е природен плен за тигрите.
Но се случи нешто сосема неочекувано. Тигрицата очигледно била најадена, бидејќи наместо да се однесува како типичен грабливец, таа почна да си игра со него како маче со некоја играчка, дури однесувајќи се и мајчински, кревајќи го како да е нејзино младенче.