Ова е неверојатната приказна за бездомникот Даг Сигерс кој долги години питал на улиците на американскиот град Нешвил.

Шведската кантри пејачка Џил Џонсон заедно со неколку други нејзини пријатели од шведска решиле да снимаат реално ТВ шоу во кое ќе се шетаат низ градот Нешвил и ќе прават интересни работи. Така, еден судбоносен ден во март 2014 година, налетале на бездомникот Даг Сигерс за кој луѓето им кажале дека добро пее. Тие го однеле бездомникот во студио да им отпее нешто, а тој не само што добро пеел туку измислил и оригинална песна „Going Down to the River“ која веднаш станала хит.

Човекот кој само пред 3 години живеел под мост, сега има куќа во Шведска, еден платиниумски албум позади себе и многу успешни концерти.

Сподели на Facebook
пати видено