Дваесет години откако 16-годишниот Демијан Нетлс исчезнал во градот Каус на островот Вајт (Велика Британија), Би Би Си реши да го истражи случајот. Теориите и гласините за исчезнувањето се многубројни, но официјално полицијата до ден денешен нема претстава што што точно се случило со момчето.

Тој ден било сабота. Демијан Нетлс отишол на забава со пријатели. Пред да излезе од својот дом, тој се јавил на својата девојка да ѝ каже дека му недостига. По нешто помалку од деветнаесет часа на 2 ноември 1996 година, тој го напуштил својот дом и се упатил кон Каус. Неговата мајка Валери му дозволила да остане до полноќ, коешто било неколку часови повеќе од вообичаеното. И тоа било последниот пат кога Валери го видела својот син. Тој носел сини фармерки и црна блуза.

dm01

Г-ѓа Нетлс признава дека веќе дваесет години не може да продолжи со нормалниот живот, сѐ додека не најде одговори на прашањата кои си ги задава. Валери е гневна на полицијата, која не само што не успеала да го најде Демијан, туку и изгубила важни докази за случајот. Во текот на 2001 година, семејството се преселило во Далас, САД, со што потрагата по изгубениот син станала уште потешка.

Околу 19:30 во кобната ноќ, Едвард, таткото на Демијан, го одвел до куќата на неговиот најдобар пријател Крис Бун. Заедно со Дејви, братот на Крис, тројцата се упатиле кон некоја забава во источен Каус. На забавата немало многу луѓе – три двојки и Демијан.

Крус Бун раскажува дека Демијан сакал да си тргне, бидејќи му било здодевно. Дејви пак смета дека тој сакал да појде да набави канабис. Демијан и Крис ја напуштиле забавата околу 21:30. Се качиле на ферибот, кој ги одвел до западен Каус. Демијан со себе го носел својот фотоапарат кој исто така не бил најден. Во времето помеѓу 21:30 и 00:06 часот, Демијан бил снимен од видео камери и забележан од сведоци. По полноќ тој исчезнува и оттогаш никој повеќе не го видел.

Во последните часови Демијан се обидел да влезе во некој паб на главната улица. Тој кружел од бар до бар, барајќи ја својата сестра Сара, си спомнува Крис. Но, според Валери, Демијан многу добро знаел дека сестра му не била на островот, туку во градот Портсмут. Дали момчето го искористило барањето на неговата сестра како изговор да влезе во пабовите? Дали барал нешто или некој друг?

Околу 22:00 часот, улична видеокамера снимила како Демијан влегува во продавница за брза храна, но набргу излегува од неа. Во 22:30 Крис Бун одлучува да се прибере дома. Тој го убедил Демијан да тргне со него. Момчињата се разделиле во блискиот парк, но наместо да се прибере, Демијан повторно се упатил кон главната улица. Многу сведоци раскажуваат дека момчето изгледало дека е под силно дејство. Еден сведок раскажува дека Демијан се обидел да влезе во син Форд Фиеста кој бил паркиран на паркинг пред некој паб. Тоа поведение, според Валери, е несвојствено за нејзиниот син.

dm02

Следната станица на Демијан била автобуска постојка во близина на некој супермаркет. Тој се качил во автобус, за да позборува со шоферот, се обидол да слика и потоа повторно слегол. Неколку минути подоцна, на истото место, некој друг го видел како стои до колата. Тој го видел Демијан стуткан во еден агол како јаде помфрит. Како што раскажува сведокот, Демијан два пати му пристапил и му кажал „тие нѐ набљудуваат“. Потоа тој го избришал дождот од предното стакло на автомобилот на сведокот и се упатил кон некој друг паб на главната улица. Неколку минути подоцна Демијан бил снимен од улична камера за последен пат, по што исчезнува без траг.

Неговата 9-годишна сестра прва забележала дека тој не е во својот кревет. Семејството се јавило на Крис Бун, но Демијан не бил таму. Валери се загрижила. Таа се јавила на сите негови пријатели, но безуспешно. Отишла во полиција и го објавила за исчезнат. Во текот на следните неколку дни, семејството Нетлс одело од врата до врата да најдат некаква информација. Но, полицијата не сторила ништо, па дури ја загубила и последната снимка од уличните камери. На камерата од продавницата за брза храна се гледало како Демијан си купува помфрит и разговара со петмина мажи, кои изгледаат пријателски настроени. Но, полицијата ги исклучува од списокот на осомничени, откако по исчезнувањето најпосле успеала да ги идентификува и да разговара со нив. Нетлсови дознале дека мажите биле воени лица.

Демијан последен пат бил виден во близина на брегот. Можело да се случи да падне во водата, но неговото семејство одбива да поверува во таква теорија. Локалните морнари велат: „Морето секогаш го враќа тоа што го зема.“ Експерти ги испитале водните струи во местото и се сигурни дека ако момчето паднало во водата, струите со сигурност би го исфрлиле неговото тело.

Аби Скот, бившата девојка на Демијан раскажува дека тој бил многу добро и нежно момче и дека не може да си замисли дека некој би сакал да го повреди. Но, таа признава дека во последно време почнал да се менува и да се дружи со луѓе повозрасни од него. Аби вели дека е возможно да почнал да зема и наркотици, но не е сигурна во тоа.

Осум години откако полицијата не открила ништо, еден маж стапил во контакт со Валери тврдејќи дека знае што се случило со Демијан. Според неговите зборови, тој бил убиен од Ники Макнамара, локален дилер на наркотици. Демијан и Ники се скарале за некаков канабис и Ники без да сака го убил. Телото му било однесено во локално собиралиште на наркомани и три седмици подоцна било ставено во вреќа и закопано. Валери ја соопштила и оваа информација на полицијата.

Полицијата го истражила посоченото место, но не нашла ништо. Подоцна информаторот ја променил верзијата и кажал дека телото е погребано на друго место. Но и таму не нашле ништо. Од Би Би Си се сврзале со информаторот, кој ги одвел до од него посоченото место. Тие таму отишле со кучиња идресирани за наоѓање трупови, но потрагата и овој пат била без резултат.

Во текот на годините многу луѓе контактирале со Нетлсови и им предлагале најразлични верзии за исчезнувањето на нивниот син. Имало и гласини дека Демијан бил фатен од некој познат педофил, но полицијата установила дека педофилот го напуштил островот неколку месеци пред исчезнувањето на момчето.

Најпопуларна теорија останува дека бил убиен од Ники Макнамара, но тоа не може да се потврди бидејќи Макнамара умрел од предозираност со хероин во 2002 година. Единственото за кое Валери се моли денес е телото на нејзиниот син да биде најдено, за да знае што точно му се случило, а не да продолжува да се измачува со мисли, која од која поцрни.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено