Исламски уличен проповедник бил снимен како гневно му вика на полицаец кој ја истражувал жалбата поднесена поради него. Во алармантната снимка снимена во центарот на британскиот град Бирмингем се гледа како полицаец му пристапува на човек кој носи традиционална муслиманска облека и стои заедно со друг маж и жена.

is01 is02

Била поднесена жалба од некој граѓанин и полицаецот отишол да види за што станува збор, но проповедникот станал доста агресивен. „Еве ми сведок“, вика тој, посочувајќи кон жената. „Ако сакаш да ме уапсиш, уапси ме.“ Потоа објаснува дека жената која јавила во полиција му пристапила нему, а не обратно, објаснувајќи дека тој е жртвата. „Мислиш ли дека се плашам? Слобода на говорот, веќе нема да ви го трпиме вашиот расизам. Ние не сме терористи ниту бомбаши самоубијци, фрлете си го твојот телевизор во канта. Ова е слободна земја и можеме слободно да говориме во јавност!“

is03

Но, кога полицаецот го замолува да покаже барем најосновна пристојност и да не му вика, проповедникот продолжува да беснее. Полицаецот се повлекува за да ја избегне непријатната ситуација, а овој продолжува да му се дере: „Оди, оди најди и некои силувачи.“ Потоа продолжува да му се внесува в лице, извикувајќи „Алаху екбер“.

Потоа полицаецот се свртува кон насобраната толпа и објаснува: „Овој млад човек овде има право на собирање на јавно место. Може да стои тука и да вика. Може да шокира и навредува. Но, доколку го наруши јавниот ред и мир, ќе биде уапсен.“

is04

Но, толпата е на страната на проповедникот и застануваат крај него, исмевајќи го полицаецот додека тој си заминува.

„Расисту! Оди најди некој педофил и мавни ми се од пред лице.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено