И покрај теророт кој Ел Чапо го предизвикувал низ Мексико овие жители од едно село му се бескрајно благодарни за неговата хуманитарна помош. Во областа неодамна имало поројни дождови кои предизвикале поплава, а во видео објавено на социјалните мрежи тие му се заблагодаруваат.
Може да се види како еден човек снима низ Санчез Целис, лоциран во општината Ел Дорадо, каде што десетици жители поставени веднаш до душеците на кои има големи налепници со иницијалите на на Ел Чапо, Хоакин Гузман Лоера (JGL).
Една жена го благословува Ел Чапо, кој моментално е во затвор со максимална безбедност во Њујорк, додека друга жена гледа во камерата и вели: „Ти благодарам Чапо Гузман.“ Селаните освен душеци, добиле и електрични печки и слични најопходни работи.
Тропската депресија предизвикала поплави опасни по живот, во 43 градови и 31 заедница, и принудила речиси 1.500 луѓе да ги напуштат своите домови, а 3 луѓе загинале. Кога се вратиле жителите сфатиле дека личните предмети и мебелот се уништени од невремето.