Како што дознаваме што преферираат луѓето така откриваме и повеќе за нивната личност. Познатата руска поетеса Ана Ахматова им нудела на нејзините пријатели да одговорат на неколку прашања, а потоа составувала психолошки профил за нив.

Аматова имала тенденција да го дели животот на црн и на бел, така што нејзиниот профил изгледа малку едностран. Сепак, во него дефинитвно е присутно големо количество на рационализам.

Прашање број 1

Што сакате: чај или кафе?

Прашање број 2

Дали сакате мачки или кучиња?

Прашање број 3

Дали сакате повеќе поезија или проза?

Резултати

Ана Ахматова издвои само 2 типови на личност врз основа на овој тест.

1. Оние кои избраа чај, куче и поезија.

Според поетесата, ова е ментално нормална личност, самоуверена личност. Малку рустикална, но оптимистички и емоционално здрава. Избалансирана и не е склона да ги промени своите одлуки, исто така е директна и искрена. Таквата личност е практична и совршено се покажува во деловната област. Личноста која сака чај, кучиња и Пастернак е од „Московски вид“.

2. Оние кои избраа кафе, мачка и проза.

Ова е порафинирана личност. Но, овде во областа на моралот постојат противречности. Ова е човек со постојано емоционално отфрлање, песимист по природа, кој е склон да ги преувеличува и драматизира нештата. Таквите луѓе постојано ги менуваат своите мислења за различни прашања и нивните ставови за одредена тема, и тие често немаат конкретен план во животот. Овие личности ги поврзува со Санкт Петербург.

Се разбира овие резултати не можат да се сметаат за конкретни, можеби вие сте избрале чај, мачка и Пастернак или пак сте „московјанец“ кој сака мачки…

Сподели на Facebook
пати видено