Тест 1: Подготовка
Жени: за бременост
а. На вратот од предната страна обесете си една торба полна со грав и облечете си ноќница. Прицврстете ја напред и нека стои таму. По 9 месеци извадете 5% од гравот.
Мажи: за татковство
а. Одете во локалната аптека, истурете ја целата содржината на паричникот на касата и кажете му на аптекарот да си земе колку сака.
б. Одете во супермаркет. Потпишете договор платата ви да се префрла директно на нивна сметка.
в. Одете си дома. Земете и прочитајте го весникот за последен пат
Тест 2: Знаење
Најдете пар, кои веќе се родители и жестоко критикувајте ги за нивните методи на дисциплина, недостаток на трпение, срамно ниски нивоа на толеранција и како може да ги остават децата да прават што сакаат. Предложете им начини преку кои можат да ги подобрат навиките за спиење, одењето во тоалет, манирите на маса и целокупното однесување на детето.
Уживајте. Тоа ќе ви биде последен пат во животот.
Тест 3: Сон
За да почувствувате како е ноќе:
1. Шетајте во дневната соба од 5 до 10 часот навечер, носејќи влажна вреќа, тешка приближно од 4 до 6 кг на раце со радиото пуштено на шуштење (или друг монотон непријатен звук), напорено до крај.
2. Во 10 вечерта оставете ја вреќата, наместете си го алармот да ви ѕвони на полноќ и легнете си да спиете.
3. Станете во 12 навечер и прошетајте се со торбата до 1:00. Наместете го алармот во 3:00 часот.
4. Додека се обидувате да заспиете и не можете – станете во 2:00 и направете си чај. Размислете за смислата на животот.
5. Легнете во 2:45 и станете повторно во 3:00 кога ќе се вклучи алармот.
6. Пејте песни во темница до 4:00
7. Наместете го алармот во 5:00. Станете тогаш. Направете појадок.
Задржете го овој режим 5 години. Изгледа весело.
Тест 4: Облкување на мали деца
1. Купете жив октопод и мрежеста вреќичка за компир
2. Обидете се да го ставите октоподот во мрежата без да излегуваат никакви пипала
Имате 5 минути.
Тест 5: Во автомобилот
1. Купете чоколаден сладолед во корнет и оставете го во пепелјарата
2. Земете 1 денар, ставете го во CD player-от.
3. Издробете кутија со чоколадни бисквити на задното седиште
4. Изгребете си го автомобилот со мала гребалка од двете страни
Тест 6: На прошетка
а. Почекајте пред вратата
б. Излезете од вратата
в. Вратете се дома
г. Излезете повторно
д. Симнете се до влезот на зградата
е. Вратете се до горе
ж. Симнете се пак до долу
з. Одете многу бавно низ дворот 5 минути
ѕ. Престанете, проверете детално и поставете по 6 прашања за секој звук и предмет што ќе го видите
и. Вратете се по стапките
ј. Врескајте дека не можете повеќе и сакате дома додека соседите не излезат да ве зјапаат
к. Откажете се од сè и приберете се дома
Сега сте подготвени да излезете на прошетка со мало дете
Тест 7: Разговори со мало дете
Повторувајте се по 5 пати во текот на 3 години
Тест 8: На пазар
1. Одете на сточниот пазар и земете една коза со вас. Ако сакате да имате повеќе од едно дете-земете толку кози, колку деца сакате да имате.
2. Пазарувајте без да го тргнете погледот од козата(ите)
3. Плаќате за сè што козата ќе изеде или ќе скрши.
Додека не почнете да се справувате со тоа лесно, не се обидувајте да имате деца!
Тест 9: Хранење на 1 годишно дете
1. Набавете еден тиква
2. На тиквата направете ѝ една мала дупка од страната
3. Заврзете ја со јаже на таванот и занишајте ја силно
4. Земете чинија со попара и обидете се да ја ставите со лажичка во тиквата која силно се ниша. При тоа преправајте се дека лажицата е авион. Зачувајте ги добрите тонови и без пцовки.
5. Продолжете додека попарата е преполовена.
6. Другата половина истурете си ја во скут, така што дел да се растече и на подот.
Повторувајте 4-5 пати на ден.
Тест 10: Телевизија
1. Научете ги имињата на сите Телетабиси, детски песнички и.т.н
2. Не гледајте никакви други канали во текот на 5 години
Тест 11: Неред
1. Земете варени моркови и згмечите ги на каучот. Џем-по завесите.
2. Скријте една риба зад радиото и нека стои таму цело лето
3. Пикнете ги прстите во саксијата на балконот, а потоа преминете на чистите ѕидови. Покријте со хемикалија.
4. Испразнете го секое шкафче / кутија во куќата и натрупајте се на куп во дневната соба.
5. Донесете различни предмети од различни соби и оставете ги врз купот од точка 4.
Тест 12: Долги патувања со детето
1. Снимете на CD некој кој вреска “Мамо” без да запре. ВАЖНО: Не се дозволува повеќе од 4 секунди пауза помеѓу секое “мамо”.
2. Пуштајте го CD-то во колата каде и да одите во следните 4 години.
Сега сте подготвени да патувате со деца.
Тест 13: Разговори и социјален живот
1. Започнете разговор со избран познаник или пријател.
2. Нека некој постојано ве влече за кошула, ракав, палто, а притоа да е пуштено “мамо” од Тест 12.
Сега сте подготвени за социјален живот во присуство на дете.
Тест 14: Подготвени за работа
1. Одберете ден, во кој имате важен состанок
2. Облечете си го најубавиот костум за работа
3. Земете чаша со крем и додадете чаша сок од лимон
4. Промешајте
5. Истурете половина од смесата врз свилената кошула
6. Во другата половина крпа за да ја впие.
7. Обидете се да ја исчистите кошулата од точка 5. со крпата од точка 6.
8. Не се преоблекувајте (немате време)
9. Одете директно на работа
СЕГА СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ИМАТЕ ДЕЦА. ЧЕСТИТКИ!