Пред два месеци се случила првата фатална сообраќајна несреќа кога Model S на Тесла во „автопилот“ режим удрил во камион на пат во Флорида. Оваа фатална сообраќајна несреќа во вторник била потврдена и од Тесла. Според извештајот, автономното возило удрило во камионот свртувајќи в лево на крстосница. Камионот излетал пред електричниот спортски автомобил а автономниот систем не успеал да ги употреби сопирачките.

Автомобилот, во кој зад воланот се наоѓал 40-годишниот Џошуа Д. Браун подоцна починал од последиците здобиени во ударот. Тесла е пионер во развивањето на систем за автоматско управување, кој сѐ уште се наоѓа во рана фаза на развој. Во последните неколку месеци се зборуваше дека неколку возила на Тесла учествувале во сообраќајна несреќа, но ова е прв смртен случај, кој јасно укажува дека автономното управување сѐ уште не е решение за опасностите кои демнат на патиштата.

ts

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено