Верувале или не, замоците кои ќе ги видите се целосно напуштени. Можеби ќе си помислите „зошто некој би сакал да напушти замок?“ Но сосема е логично кога ќе си помислите што сѐ е потребно за нивното одржување. Ако ништо друго, трошоците за затоплување се сосема доволни да ви ја убијат желбата да се чувствувате како гроф.
Кастело ди Самеѕано; Тоскана, Италија
Изграден во 1605 и редизајниран во средината на деветнаесеттиот век. Во деведесеттите на 20. век овој замок функционирал како хотел.
Сега е целосно напуштен.
Освен за посетителите од целиот свет кои патуваат да ја видат неговата прекрасна внатрешност.
Навистина го одзема здивот.
Подгоречки замок; Подгорци, Украина
Замокот бил изграден во средината на седумнаесеттиот век, а за време на Втората светска војна бил претворен во центар за лекување од туберкулоза. По пожарот во 1956 година, внатрешноста била урната и било проценето дека не е исплатливо да се реновира.
Банерманов замок; Островот Банерман, Њујорк
Во 1900 г. Фресис Банерман го купил островот Банерман и изградил замок со кој го привлекол вниманието кон неговиот бизнис со воени набавки. Не само што е напуштен замокот, туку и целиот остров.
Келиевиот замок; Перак, Малезија
Замокот никогаш не бил завршен, откако неговата изградба била прекината со смртта на сопственикот во 1926.
Шато Миранда; Сел, Белгија
Изграден во 1866. замокот е напуштен од 1991 г.
Кастел ван Месен; Леде, Белгија
Замокот бил изграден во 1628 и со години бил употребуван како дестилерија за џин, фабрика за тутун и на крајот како училиште. Откако училиштето било затворено во 1871, замокот бил целосно напуштен и оттогаш пропаѓа.