Една жена се шокирала кога открила морска школка која наликува на еден од најопасните луѓе на планетата. Дебра Оливер се шетала заедно со нејзиниот сопруг Мартин кога ја открила школката на плажа во Источен Сасекс.
На брачниот пар школката и личела на озогласениот терорист, Осама Бин Ладен, кој се смета за одговорен за нападите од 11/9 во САД.
Дебра, која тој ден ја славела 42-годишнината од бракот со сопругот, вели дека кога прв пат добро ја забележала школката „се згазила“ од смеење. Таа првин си помислила дека ѝ личи на Исус, но кога го забележала и турбанот на глава и текнало дека ја потсетува на некој друг. Дебра се пошегувала дека се верува како Осама е фрлен во морето по неговата смрт, па така што не е чудно што школката „го преземала неговиот облик“.
Додека најголем дел од луѓето сметале дека школката им личи на Осама, некои велеле дека ги потсетува на поранешниот врховен лидер на Иран Рухолах Хомеини. Бин Ладен беше екстремист на Саудиска Арабија, кој ја основаше терористичката група Ал-Каеда. Тој ја искористи групата за да планира терористички напади низ целиот свет.
Во 2011 година тој беше застрелан и убиен од Фоките на САД во оддалечената област на Пакистан, каде се криеше кај локално семејство. Убиството на терористот е извршено по наредба на поранешниот претседател Барак Обама. По убиството тој бил погребан на море надвор од американскиот носач на авиони.