Чекам заглавен во сообраќајниот метеж пред новогодишните празници во центарот на Скопје, во близина на собранието.
По некое време еден човек ми чука на прозорецот, отворам и го прашувам:
– Што сакате?
– Некакви терористи влегле во собранието на свечената предновогодишна седница и ги киднапирале сите пратеници. Бараат 2 милиони евра откуп инаку ќе ги потуреле со бензин и сите ќе ги запалеле. Сега одиме по колите, да собереме кој колку може да даде, да помогнеме.
– И како е, даваат ли луѓето?
– Да да, даваат, по 2-3 литра! Кој колку има…