Стариот завет ја раскажува приказната во која минијатурниот Давид го поразил џинот Голијат. Користејќи само прачка за да го убие својот огромен непријател, овој неверојатен победник станал втор монарх на Израелско-јудејското царство.
Библискиот џин
Иако многумина сметаат дека приказната е само шарена алегорија, неодамнешниот наод со најстари познати натписи сугерира дека Голијат, всушност, постоел. Овој артефакт (мала глинена плочка) бил пронајден во Израел во 2005 година од археолозите на Универзитетот Тел ес-Сафи.
На плочката се напишани зборовите „Алвт и Влт“ кои, според професорот Арон Демски, се совпаѓаат со името Голијат. „Алвт и Влт“ се несемитски имиња кои се етимолошки слични на името Голијат. Студиите потврдуваат дека резбата е направена околу 950 п.н.е. Додека откритието може да даде некој нов кредибилитет на античката приказна, исто така, може да послужи како парче на друга загатка што е уште поинтригантна. Може да се претпостави дека дури и ако епската битка навистина се случила, големината на Голијат била сигурно претерана за драматичен ефект.
Сепак, доказите собрани од целиот свет во текот на минатиот век сугерираат дека постоењето на вистинските џинови можеби и не е толку чудно. Всушност, овие наоди доведоа до тоа некои да веруваат дека човештвото во антиката било во три различни големини: џинови, луѓе и хобити.
Хобитот „Хомо“
Во есента 2004 година, група истражувачи кои работеле во Индонезија пронашле остатоци од расата „хобити“ мажи, кои биле високи само 1 метар. Истражувачите утврдиле дека овие помали луѓе постоеле заедно со човекот пред околу 13.000 години.
Истражувачкиот тим, вклучително и индонезискиот палеоантрополог, професор Т. Јакоб, ја нарекле малата раса Хомо флоресиенс, именувана по индонезискиот остров Флорес, каде што скелетите биле откриени. Некои велат дека овие хобити сѐ уште шетаат по џунглата, поради што многу посетители на островот во последниве години ги бараат овие „митолошки суштетства“.
Остатоци од џинови
Богатството на докази за расата на џиновите е уште поголемо. Остатоци од џновски луѓе се пронајдени во практично секој дел од светот: Тунис; Пенсилванија; Глен Роуз, Тексас; Филипините; Сирија; Мароко; Австралија; и низ планинскиот венец Урбаса во Шпанија. Можеби најпопуларниот и научно признат пример е „Џинот од Јава“, што се наоѓа јужно од Кина.
Слични човечки остатоци кои биле пронајдени во близина на јужна Кина откриваат големи луѓе кои поседувале шест прсти на секоја екстремитет. Оваа полидактилна карактеристика се чини дека е редовен модел за оваа раса на мажи, како што покажале и други примери. Во советската Грузија, пронајдени се скелети од мажи високи 3 метри, кои, исто така, поседуваат шест прсти на рацете и нозете.
И покрај огромното количество на докази, како и откопаните алатки и заби кои не се совпаѓаат со нормални човечки стандарди, се чини дека сѐ уште нема голем број на научници посветени на проучување на овој феномен.
Џиновска имагинација?
Современиот свет честопати ги споменува овие различни човечки раси во древни текстови и фолклорот како производ на бујна имагинација – иако многу различни култури бележат многу слични забелешки. Сепак, има разни остатоци откриени низ целиот свет и можеби овие „митски”“ приказни всушност биле точни претстави на животот во тоа време.
Ако овие раси од различна големина не постоеле, зошто има токму три големини, и каде заминале другите две? Дали имале пријателски или непријателски општествени односи со нашата раса? Дали тие си помагале едни со други? Дали се игнорирале? Кои општествени структури ги имале? За сега можеме само да погледнеме во приказните за далечното минато и да се запрашаме колку уште митови чекаат да се откријат со конкретни докази.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.