Ловот по вонземјани е во подем, откако теоретските астрофизичари откриле дека милиони планети кои порано биле отфрлени како негостољубиви средини всушност би можеле да бидат сосема погодни за развој на вонземјански живот.

Планетите налик на Земјата се очигледниот прв избор каде би можело да се трага по живот, но големиот број на ваквите планети кружат околу ѕвезди познати како портокалови или црвени џуџиња, кои се помали од нашето сонце. Ѕвездите џуџиња се екстремно чести – тие сочинуваат 70 отсто од ѕвездите во универзумот – и речиси за секое црвено џуџе се мисли дека има планета лоцирана на населива оддалеченост и со многу слични нивоа на вода како тие на Земјата.

planeta

Но, досега се верувало дека овие планети кружат околу нивние сонца секогаш со едната страна свртена кон ѕвездата, слично како што месечината е секогаш свртена кон Земјата само со едната своја страна. Ова би создало планета на којашто едната половина ѝ е покриена со жешка пустина, а другата прекриена со дебел мраз, што тешко дека би било идеално за развој на живот.

Но, научна студија објавена во научното списание „Science Express“ се тврди дека ова не секогаш е така. Авторите, предводени од Жереми Леконт, постдокторант на Канадскиот институт за Теоретска Астрофизика при Универзитетот на Торонто, изградил тродимензионален климатски модел и открил дека тенката атмосфера би ѝ овозможила на планетата да се ослободи од ротационата заклученост и да почне да се врти околу својата оска како што ротира околу својата ѕвезда.

Научниците досега сметале дека само голема атмосфера може да создаде значителен степен на вртење околу оската, но според Леконт, тенките атмосфери можеби имаат и посилен ротирачки ефект, бидејќи тие дозволуваат поголемо количество на светлина од ѕвездата да стигне до површината на планетата. Оваа соларна жештина прави ветрот да создава атмосферска плима, што создава триење и предизвикува ротирање на планетата.

Истражувачите веруваат дека планета со големина на Земјата и со атмосфера слична на земјината атмосфера сепак би можела да ротира околу мало портокалово џуџе, како и околу некои црвени ѕвезди џуџиња. Астрономите чекаат набљудувачки докази кои би ја поддржале нивната теорија, но веруваат дека ова би можело да поттикне зголемување н анапорите на научниците да најдат живот надвор од нашиот сончев систем.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено